| 1 | == 1. Вовед и цел |
| 2 | Во однос на постојаниот развој на општеството од аспект на информатичката технологија, во Македонија недостасува единствено решение кое би овозможило едноставно пребарување низ понудите на угостителските објекти и различните начини на превоз. Нашиот проект има за цел да ги обедини возните редови на автобускиот и железничкиот превоз, како и понудите на приватните превозници во апликација која ќе биде едноставна за користење и ќе им овозможи на корисниците да ја одберат и организираат најсоодветната алтернатива за нив. Дополнително, од аспект на угостителство, апликацијата има за цел на давателите на услуги да им понуди едноставен и ефикасен начин за менаџирање со расположливите ресурси, кои корисниците ќе можат детално да ги излистаат и од далечина да ги резервираат потребните капацитети. |
| 3 | == 2.Позиционирање |
| 4 | === 2.1 Дефиниција на проблем |
| 5 | ||=Тема на проблем =||Непостоење на единствена апликација за преглед и резервирање на приватен превоз, сместување и ресторани|| |
| 6 | ||=Кого засега =||Сите лица кои патуваат низ Македонија, како и сопствениците на угостителски објекти|| |
| 7 | ||=Последица на =||Задоцнетиот развој на информатичката технологија во државата, неприфаќањето на новиот начин на функционирање од страна на граѓаните, недоволно развиен меѓуградски сообраќај|| |
| 8 | ||=Успешно решение би било =||Веб апликација која би овозможила воедно менаџирање на патувањето(превозот), сместувањето и храната и ќе биде целосно прифатена од корисниците.|| |
| 9 | === 2.2 Позиција на пазарот |
| 10 | ||=За =||Сите патувачи и сопственици на угостителски бизниси|| |
| 11 | ||=Кои =||Имаат потреба од подобра координација на простор-услуга и помош при транспорт|| |
| 12 | ||=!TourMate =||Е веб базирана апликација|| |
| 13 | ||=Која овозможува =||Да се олесни организација на патувања низ Македонија|| |
| 14 | ||=За разлика од =||Досега развиените апликации|| |
| 15 | ||=Нашиот продукт =|| Обединува две стопански гранки во едно дополнително нуди помош и простор за развивање на локалните бизниси како и, овозможува полесно и подобро организирање на индивидуалните и групните патувања, со што претставува корисна апликација за секој човек во Македонија, без разлика дали е турист или Македонец || |