wiki:Vision

Version 2 (modified by 211012, 20 months ago) ( diff )

--

1. Вовед и цел

Во однос на постојаниот развој на општеството од аспект на информатичката технологија, во Македонија недостасува единствено решение кое би овозможило едноставно пребарување низ понудите на угостителските објекти и различните начини на превоз. Нашиот проект има за цел да ги обедини возните редови на автобускиот и железничкиот превоз, како и понудите на приватните превозници во апликација која ќе биде едноставна за користење и ќе им овозможи на корисниците да ја одберат и организираат најсоодветната алтернатива за нив. Дополнително, од аспект на угостителство, апликацијата има за цел на давателите на услуги да им понуди едноставен и ефикасен начин за менаџирање со расположливите ресурси, кои корисниците ќе можат детално да ги излистаат и од далечина да ги резервираат потребните капацитети.

2. Позиционирање

2.1 Дефиниција на проблем

Тема на проблем Непостоење на единствена апликација за преглед и резервирање на приватен превоз, сместување и ресторани
Кого засега Сите лица кои патуваат низ Македонија, како и сопствениците на угостителски објекти
Последица на Задоцнетиот развој на информатичката технологија во државата, неприфаќањето на новиот начин на функционирање од страна на граѓаните, недоволно развиен меѓуградски сообраќај
Успешно решение би било Веб апликација која би овозможила воедно менаџирање на патувањето(превозот), сместувањето и храната и ќе биде целосно прифатена од корисниците.

2.2 Позиција на пазарот

За Сите патувачи и сопственици на угостителски бизниси
Кои Имаат потреба од подобра координација на простор-услуга и помош при транспорт
TourMate Е веб базирана апликација
Која овозможува Да се олесни организација на патувања низ Македонија
За разлика од Досега развиените апликации
Нашиот продукт Обединува две стопански гранки во едно дополнително нуди помош и простор за развивање на локалните бизниси како и, овозможува полесно и подобро организирање на индивидуалните и групните патувања, со што претставува корисна апликација за секој човек во Македонија, без разлика дали е турист или Македонец

3. Опис на засегнатите лица

3.1 Преглед

Име Опис Одговорности
Сопственици на угостителски објекти Сопственик на ресторан и сите видови на угостителски објекти Внесување на простор за резервации како и мени за избор од корисникот
Хотелиер Сопственик/Менаџер на хотелски објект Внесува достапни капацитети во хотелот и управува со резервации
Возач Управител на патничко возило Специфицира рута и дестинација како и капацитет за други сопатници
Патувач Корисник без возило кој патува Да направи резервација или да се информира за достапни начини на превоз, сместување или угостителски објект
Администратор Корисник со напредни привилегии Ажурирање на автобуски и железнички возни редови, разрешување проблеми кои не бараат интервенција од страна на развивачите, верификација на нововнесените субјекти
Развивач на апликација Развивање и оддржување на апликацијата
Note: See TracWiki for help on using the wiki.