wiki:Vision

Version 6 (modified by 213077, 20 months ago) ( diff )

--

1. Вовед и цел

Во однос на постојаниот развој на општеството од аспект на информатичката технологија, во Македонија недостасува единствено решение кое би овозможило едноставно пребарување низ понудите на угостителските објекти и различните начини на превоз. Нашиот проект има за цел да ги обедини возните редови на автобускиот и железничкиот превоз, како и понудите на приватните превозници во апликација која ќе биде едноставна за користење и ќе им овозможи на корисниците да ја одберат и организираат најсоодветната алтернатива за нив. Дополнително, од аспект на угостителство, апликацијата има за цел на давателите на услуги да им понуди едноставен и ефикасен начин за менаџирање со расположливите ресурси, кои корисниците ќе можат детално да ги излистаат и од далечина да ги резервираат потребните капацитети.

2. Позиционирање

2.1 Дефиниција на проблем

Тема на проблем Непостоење на апликација за преглед и резервирање на приватен превоз,како и единствено решение за резервација и преглед на понуди за сместување и ресторани
Кого засега Сите лица кои патуваат низ Македонија, како и сопствениците на угостителски објекти
Последица на Задоцнетиот развој на информатичката технологија во државата, неприфаќањето на новиот начин на функционирање од страна на граѓаните, недоволно развиен меѓуградски сообраќај
Успешно решение би било Веб апликација која би овозможила воедно менаџирање на патувањето(превозот), сместувањето и храната и ќе биде целосно прифатена од корисниците.

2.2 Позиција на пазарот

За Сите патувачи и сопственици на угостителски бизниси
Кои Имаат потреба од подобра координација на простор-услуга и помош при транспорт
TourMate Е веб базирана апликација
Која овозможува Да се олесни организација на патувања низ Македонија
За разлика од Досега развиените апликации
Нашиот продукт Обединува две стопански гранки во едно, дополнително нуди помош и простор за развивање на локалните бизниси, како и овозможува полесно и подобро организирање на индивидуалните и групните патувања, со што претставува корисна апликација за секој човек во Македонија, без разлика дали е турист или Македонец

3. Опис на засегнатите лица

3.1 Преглед

Име Опис Одговорности
Угостител Сопственик на ресторан и сите видови на угостителски објекти Внесување на простор за резервации како и мени за избор од корисникот
Хотелиер Сопственик/Менаџер на хотелски објект Внесува достапни капацитети во хотелот и управува со резервации
Возач Управител на патничко возило Специфицира рута и дестинација како и капацитет за други сопатници
Патувач Корисник без возило кој патува Да направи резервација или да се информира за достапни начини на превоз, сместување или угостителски објект
Администратор Корисник со напредни привилегии Ажурирање на автобуски и железнички возни редови, разрешување проблеми кои не бараат интервенција од страна на развивачите, верификација на нововнесените субјекти
Развивач на апликација Развивање и оддржување на апликацијата

3.2 Корисничка средина

Веб апликација со прилично едноставен интерфејс која корисниците ќе можат да ја пристапат користејќи било кој уред со интернет пристап и инсталиран веб прелистувач, без разлика на оперативниот систем, независно од околината во која се наоѓаат.

4. Преглед на производот

4.1 Барања

Барање Приоритет Карактеристики
Регистрација и најава на корисници Висок Можност за најава и регистрација со лична email адреса, по претходна верификација
Персонализација на личен профил Висок Можност за менување на внесените информации (име и презиме, адреса, лозинка, слика…)
Регистрација на бизнисот од страна на давателот на услугата Висок Можност за регистрација на сместувачки објект, ресторан и/или превоз преку внесување на соодветните информации во формулар
Верификација на внесените бизниси Висок Верификација на вистинитоста на податоците преку приложување на некаков документ или проверка на податоците во јавно достапните сервиси на институциите
Резервација на сместување/ресторан/превоз Висок Внесување на потребни информации во формулар
Давање оценка по користење на услугата Висок Внесување бројчана оценка и опис по користење на услугата преку формулар
Листање на јавни линии за превоз и приватни превозници, сместувачки капацитети и ресторани Висок Приказ на опциите за превоз, сместување и ресторани со можност за сортирање и филтрирање
Преглед на направени резервации со можност за прифаќања или одбивање Висок Приказ на направените резервации со можност за сортирање и филтрирање

5. Други барања поврзани со продуктот

Потреба Приоритет
Потреба од личен профил за правење резервазии Висок
Интернет конекција Висок
Мобилен телефон, таблет или лаптоп/компјутер Висок
Веб прелистувач Висок
Note: See TracWiki for help on using the wiki.