1. Вовед и цел
Во однос на постојаниот развој на општеството од аспект на информатичката технологија, во Македонија недостасува единствено решение кое би овозможило едноставно пребарување низ понудите на угостителските објекти и различните начини на превоз. Нашиот проект има за цел да ги обедини возните редови на автобускиот и железничкиот превоз, како и понудите на приватните превозници во апликација која ќе биде едноставна за користење и ќе им овозможи на корисниците да ја одберат и организираат најсоодветната алтернатива за нив. Дополнително, од аспект на угостителство, апликацијата има за цел на давателите на услуги да им понуди едноставен и ефикасен начин за менаџирање со расположливите ресурси, кои корисниците ќе можат детално да ги излистаат и од далечина да ги резервираат потребните капацитети.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
Тема на проблем | Непостоење на апликација за преглед и резервирање на приватен превоз,како и единствено решение за резервација и преглед на понуди за сместување и ресторани
|
---|
Кого засега | Сите лица кои патуваат низ Македонија, како и сопствениците на угостителски објекти
|
---|
Последица на | Задоцнетиот развој на информатичката технологија во државата, неприфаќањето на новиот начин на функционирање од страна на граѓаните, недоволно развиен меѓуградски сообраќај
|
---|
Успешно решение би било | Веб апликација која би овозможила воедно менаџирање на патувањето(превозот), сместувањето и храната и ќе биде целосно прифатена од корисниците.
|
---|
2.2 Позиција на пазарот
За | Сите патувачи и сопственици на угостителски бизниси
|
---|
Кои | Имаат потреба од подобра координација на простор-услуга и помош при транспорт
|
---|
TourMate | Е веб базирана апликација
|
---|
Која овозможува | Да се олесни организација на патувања низ Македонија
|
---|
За разлика од | Досега развиените апликации
|
---|
Нашиот продукт | Обединува две стопански гранки во едно, дополнително нуди помош и простор за развивање на локалните бизниси, како и овозможува полесно и подобро организирање на индивидуалните и групните патувања, со што претставува корисна апликација за секој човек во Македонија, без разлика дали е турист или Македонец
|
---|
3. Опис на засегнатите лица
3.1 Преглед
Име | Опис | Одговорности
|
---|
Угостител | Сопственик на ресторан и сите видови на угостителски објекти | Внесување на простор за резервации како и мени за избор од корисникот
|
Хотелиер | Сопственик/Менаџер на хотелски објект | Внесува достапни капацитети во хотелот и управува со резервации
|
Возач | Управител на патничко возило | Специфицира рута и дестинација како и капацитет за други сопатници
|
Патувач | Корисник без возило кој патува | Да направи резервација или да се информира за достапни начини на превоз, сместување или угостителски објект
|
Администратор | Корисник со напредни привилегии | Ажурирање на автобуски и железнички возни редови, разрешување проблеми кои не бараат интервенција од страна на развивачите, верификација на нововнесените субјекти
|
Развивач на апликација | | Развивање и оддржување на апликацијата
|
3.2 Корисничка средина
Веб апликација со прилично едноставен интерфејс која корисниците ќе можат да ја пристапат користејќи било кој уред со интернет пристап и инсталиран веб прелистувач, без разлика на оперативниот систем, независно од околината во која се наоѓаат.
4. Преглед на производот
4.1 Барања
Барање | Приоритет | Карактеристики
|
---|
Регистрација и најава на корисници | Висок | Можност за најава и регистрација со лична email адреса, по претходна верификација
|
Персонализација на личен профил | Висок | Можност за менување на внесените информации (име и презиме, адреса, лозинка, слика…)
|
Регистрација на бизнисот од страна на давателот на услугата | Висок | Можност за регистрација на сместувачки објект, ресторан и/или превоз преку внесување на соодветните информации во формулар
|
Верификација на внесените бизниси | Висок | Верификација на вистинитоста на податоците преку приложување на некаков документ или проверка на податоците во јавно достапните сервиси на институциите
|
Резервација на сместување/ресторан/превоз | Висок | Внесување на потребни информации во формулар
|
Давање оценка по користење на услугата | Висок | Внесување бројчана оценка и опис по користење на услугата преку формулар
|
Листање на јавни линии за превоз и приватни превозници, сместувачки капацитети и ресторани | Висок | Приказ на опциите за превоз, сместување и ресторани со можност за сортирање и филтрирање
|
Преглед на направени резервации со можност за прифаќања или одбивање | Висок | Приказ на направените резервации со можност за сортирање и филтрирање
|
5. Други барања поврзани со продуктот
Потреба | Приоритет
|
---|
Потреба од личен профил за правење резервации | Висок
|
Интернет конекција | Висок
|
Мобилен телефон, таблет или лаптоп/компјутер | Висок
|
Веб прелистувач | Висок
|