| Version 1 (modified by , 3 days ago) ( diff ) |
|---|
!Trekr
Членови на тимот
| Име и презиме | Индекс |
|---|---|
| Андреј Шумановски | 233062 |
| Марио Ангеловски | 231207 |
Краток опис на проектот
Проектот !Trekr преставува веб апликација за следење на прогрес во сите свери на самоподобрување. Во базата на податоци ќе се чуваат информации за корисниците кои ги внесуваат константно при користење на апликацијата и кои се релеватни за нивниот прогрес во одредена бранша, како нивната промена во килажа, секојдневни типови и должини на тренинзи, нивните финанциски придобивки, инвестиции и месечен буџет и дневна листа на дисциплински задачи. Веб апликацијата ќе биде платформа за следење на секојдневен прогрес и ќе им дозволи на корисниците да ги следат и ажурираат своите цели
Секој корисник може да го следи и документира својот прогрес во следниве категории -Тренинг - внесување на тип и должина на тренинг низ деновите -Килажа и Диета - внесување на моментална, одредување на целна килажа и следење на прогресот кон неа со одредување на дневни калории и диета -Инвестирање - внесување на инвестиционо портфолио и средства и следење на повратот на инвестициите -Финансии и Буџет - внесување на заработени финансии и плата и одредување на месечен буџет за трошоци -Дисциплина - внесување на секојдневни задачи кои корисникот сака да ги извршува секој ден и нивно маркирање со цел подобрена дисциплина
Детален опис на проектот
За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби
- За базата може да биде одговорен или поединец или фирма, доколку сакаме да развиеме апликација која ќе помогне на реални корисници.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?
- Денешниот човек секојдневно се среќава со дистракции и претставува предизвик да остане фокусиран на целите. На пазарот постојат вакви решенија, но корисникот мора да користи повеќе софтвери истовремено за да го следи својот прогрес. Ние имаме за цел да креираме решение каде што сите овие категории на самоподобрување ќе бидат мониторирани на едно место.
Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
- Во системот ќе постојат повеќе типови на корисници:
- Администратори – го надгледуваат целиот систем и можат да менаџираат кориснички профили и податоци.
- ‘’’Корисници’’’ – секојдневни корисници кои имаат пристап да внесуваат информации во сите категории на самоподобрување
Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?
- Иако денес има многу различни алатки и апликации за самоподобрување – како апликации за тренинг, за продуктивност, за навики или за ментално здравје – секоја од нив покрива само мал дел од сликата. Затоа луѓето често користат по неколку апликации истовремено, што знае да биде напорно и збунувачки, а на крај тешко е да се има јасен увид во вистинскиот напредок. Нашата идеја е да понудиме едно место каде што сите овие работи ќе може да се следат заедно, на едноставен и разбирлив начин. Со тоа, корисниците би имале попрегледен увид во нивниот развој, би добивале препораки што им се навистина корисни и би можеле полесно да напредуваат без да скокаат од една апликација во друга.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
- Нашата замисла е да изработиме веб апликација.
