Инструкции за стартување на апликацијата
Најпрво потребно е да се инсталираат Node.js >=16, npm и PostgreSQL. Дополнително, потребно е да се конфигурира PostgreSQL база на податоци за локално извршување на проектот.
Во root директориумот на проектот потребно е да се креира датотека .env и во неа да се постават вредностите потребни за поврзување со базата на податоци и останатите потребни application secrets, согласно локалната конфигурација.
Потоа, во терминал се позиционира во root директориумот на проектот и се инсталираат зависностите со командата (npm install). Апликацијата се стартува со командата (npm start), а за development режим може да се користи командата (npm run dev).
Откако апликацијата успешно ќе се стартува, може да се пристапи преку http://localhost:3000 во веб-прелистувач. Доколку во .env датотеката е поставена друга вредност за PORT, апликацијата ќе биде достапна на соодветната порта.
Frontend делот е интегриран во истата Node.js/Express апликација и не се стартува како посебен проект.
Линк до проектот на github: https://github.com/angelovskaj/venusbeauty
