wiki:WikiStart

WeDiscussMovies

Предмет: Бази на податоци во 2021/2022/Зимски

Под менторство на вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстр. м-р Ненад Анчев

Започнат: Ноември 2021








Краток опис на проектот

Овој форум ќе овозможува на корисниците лесен и брз начин за дискутирање на филмови, споделување на мислење за филмови, како и останатите корисници да можат да возвратат на аргументите и контрааргументите поставени во отворените дискусии на некој корисник. Форумот има цел да помогне во изборот на корисниците кои следни филмови да ги гледаат врз база на дискусиите за филмовите и актерите.

За секој филм би се чувало општи податоци како ID, наслов, жанр, рејтинг( формирана врз база на сите дискусии), насловна слика и слично. Исто така, филмот ќе содржи податочна структура составена од дискусии од страна на корисниците за дадениот филм. Дискусиите ќе содржат ID, текстови и оцени од корисниците вклучени во дискусијата.

Дејствија на корисникот би биле прегледување на дискусиите на соодветен филм, актер, како и вклучување или креирање на нови дискусии. Даден корисник ќе може да прегледа профил на друг корисник, да ги разгледа неговите дискусии и интереси. Доколку не постои запис за даден актер, филм или режисер, ќе постои функционалност за додавање на нови записи.

Дополнителна функционалност во иднина е и можно ширење на форумот во некој тип на мрежа каде што и корисниците може да разменуваат пораки меѓу себе.

Членови на тимот

Име и презиме Индекс
Петар Парталоски - координатор193181
Мартин Николов193113

Фази на имплементација

Фаза Име на фаза Статус
Ф0Дефинирање на проектот Одобрено
Ф1Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања Одобрено
Ф2Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) Одобрено
Ф3Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи Одобрено
Ф4Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) Одобрено
Ф5Прототип апликација - Основни функционалности Одобрено
Ф6Нормализација и подобрувања на дизајнот Започната
Ф7Напреден апликативен развој Не е започната
Last modified 19 months ago Last modified on 09/16/22 21:13:19

Attachments (3)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.