Version 4 (modified by 3 years ago) ( diff ) | ,
---|
WeDiscussMovies
Членови на тимот
- Петар Парталоски 193181
- Мартин Николов 193113
Краток опис на проектот
Овој форум ќе овозможува на корисниците лесен и брз начин за дискутирање на филмови, споделување на мислење за филмови, како и останатите корисници да можат да возвратат на аргументите и контрааргументите поставени во отворените дискусии на некој корисник. Форумот има цел да помогне во изборот на корисниците кои следни филмови да ги гледаат врз база на дискусиите за филмовите и актерите.
За секој филм би се чувало општи податоци како ID, наслов, жанр, рејтинг( формирана врз база на сите дискусии), насловна слика и слично. Исто така, филмот ќе содржи податочна структура составена од дискусии од страна на корисниците за дадениот филм. Дискусиите ќе содржат ID, текстови и оцени од корисниците вклучени во дискусијата.
Дејствија на корисникот би биле прегледување на дискусиите на соодветен филм, актер, како и вклучување или креирање на нови дискусии. Даден корисник ќе може да прегледа профил на друг корисник, да ги разгледа неговите дискусии и интереси. Доколку не постои запис за даден актер, филм или режисер, ќе постои функционалност за додавање на нови записи.
Детален опис на проектот
Целта на проектот е да се развие еден тип на форум каде корисниците ќе можат да дискутираат за филмови или актери, да создаваат нови дискусии а и да одговараат на истите, да споделат мислење и искуство околу некој филм или актер, да си ги додаваат омилените актери и филмови во некоја си своја листа на заследени (засакани) ентитети, за кои би добивале информации на главната страна откако би се логирале.
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
За базата на податоци ќе биде автоматизирано односно операциите на креирање и бришење на корисник, менување на лозинка на корисник и други податоци, можност за додавање/бришење/менување на дискусиите, филмовите и актерите би ги правеле самите корисници. Проектот е наменет за сите оние што имаат заинтересираност во филмската индустрија.
Дополнително, базата на податоците и податоците кои корисниците ги внеле во неа ќе бидат на корисниците, ние ќе сме присутни на страницата со цел да овозможиме некој тип на модерација и контрола на внесените податоци, ние ќе сме тие (барем во почетните фази на форумот) кои ќе се осигураме да податоците на форумот се од висок квалитет и со толерабилна содржина. Сето тоа не прави нас едни обични луѓе кои вам ќе ви прават услуга - ќе ви биде овозможено да се поврзете меѓусебно врз основа на вашите заеднички мислења и ставови околу се тоа за што нашиот сајт навистина е - за љубовта кон кинематографијата.
- Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Проблемот кон кој целиме со овој проект, е да го оттргнеме немањето на ваков тип на форум за македонската сцена, недостигот на вакво нешто за љубителите на филмската индустрија. Со овој проект, љубителите на филмската индустрија би имале брз и лесен пристап на нивниот мајчин јазик да ги остават своите мислења и ставови.
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Во рамките на оваа апликација, типот на корисниците ќе остане мошне едноставен – би имале само Корисник. Корисникот ги има функционалностите за пристап, приказ, креирање и оставање на дискусии за соодветните филмови, актери или режисери од негов интерес, како и прегледување на профил на друг Корисник и неговата активност(допаднати филмови, дискусии, рејтинзи) на форумот.
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?
Нашиот проект е различен од тоа што го има на маркетот во тоа што истото го нема на македонски јазик, а и истовремено, не познаваме веб-страна која ги имплементира сите овие функционалности и е популарна, па затоа сметаме дека би направило разлика при појавата на нашата веб-страна.
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Станува збор за веб-базирана апликација, достапна за сите корисници од секој уред и од секој оперативен систем.