1 | | = Прототип апликација - Основни функционалности |
2 | | |
3 | | == Упатство за стартување на апликацијата, и потребен софтвер за истото |
4 | | * Прво, ќе ви биде потребно да инсталирате Java (Java version 11) |
5 | | * Второ, се препорачува користење на IntelliJ IDEA, IDE околина изработена од компанијата JetBrains (за кои програми имате бесплатни лиценци користејќи го вашиот студентски e-mail), со цел да процесот на инсталација биде доста полесен, каде при прво отварање на проектот ќе ви биде стартуван Maven Reload Project процес, кој ќе ги симне сите dependencies од Maven Repository со тоа пак, ќе бидат инсталирани работи како што се: |
6 | | 1. Spring Boot (version 2.6.2, верзијата која нашиот проект ја користи според pom.xml) |
7 | | 2. PostgreSQL Driver |
8 | | 3. Maven Dependencies кои се вклучени во проектот и потребни за негово извршување ( Spring Boot Starter Web, Spring Boot Starter JDBC, Spring Boot Starter Security, Spring Boot Starter Data JPA, H2 Database, Lombok, Spring Boot Starter Thymeleaf и слично... ) |
9 | | * Трето, ќе ви биде потребно да стартувате скрипта која ќе стартува тунел конекција со серверот на кој што е поставен клиентот за комуникација со базата на податоци (скриптата ќе биде линкувана во делот на прикачени фајлови од оваа страница, но ќе треба да се пополни со креденцијали пред да се изврши, да не контактирате за да ве снабдиме со податоци за login). |
10 | | * После сето тоа, откако ќе се осигурате дека претходните три чекори се завршени, ќе треба да кликнете десен клик на фајлот во project tree - "WeDiscussMoviesApplication.java", и да кликнете на Run или Debug опцијата, во зависност како сакате да се извршува програмата. |
11 | | * Откако апликацијата успешно ќе се стартува, ќе може истата да ја најдете на адресата http://localhost:9090 во вашиот веб прелистувач, каде ќе ви биде прикажан екранот за најава или регистрација на системот. |
12 | | * Нареден чекор би бил користење на апликацијата, а за тоа повеќе детали ќе проследиме во наредните секции. |