wiki:UseCaseImplementations

Version 6 (modified by 193113, 20 months ago) ( diff )

--

Прототип апликација - Основни функционалности

Упатство за стартување на апликацијата, и потребен софтвер за истото

  • Прво, ќе ви биде потребно да инсталирате Java (Java version 11)
  • Второ, се препорачува користење на IntelliJ IDEA, IDE околина изработена од компанијата JetBrains (за кои програми имате бесплатни лиценци користејќи го вашиот студентски e-mail), со цел да процесот на инсталација биде доста полесен, каде при прво отварање на проектот ќе ви биде стартуван Maven Reload Project процес, кој ќе ги симне сите dependencies од Maven Repository со тоа пак, ќе бидат инсталирани работи како што се:
    1. Spring Boot (version 2.6.2, верзијата која нашиот проект ја користи според pom.xml)
    2. PostgreSQL Driver
    3. Maven Dependencies кои се вклучени во проектот и потребни за негово извршување ( Spring Boot Starter Web, Spring Boot Starter JDBC, Spring Boot Starter Security, Spring Boot Starter Data JPA, H2 Database, Lombok, Spring Boot Starter Thymeleaf и слично... )
  • Трето, ќе ви биде потребно да стартувате скрипта која ќе стартува тунел конекција со серверот на кој што е поставен клиентот за комуникација со базата на податоци (скриптата ќе биде линкувана во делот на прикачени фајлови од оваа страница, но ќе треба да се пополни со креденцијали пред да се изврши, да не контактирате за да ве снабдиме со податоци за login).
  • После сето тоа, откако ќе се осигурате дека претходните три чекори се завршени, ќе треба да кликнете десен клик на фајлот во project tree - "WeDiscussMoviesApplication.java", и да кликнете на Run или Debug опцијата, во зависност како сакате да се извршува програмата.
  • Откако апликацијата успешно ќе се стартува, ќе може истата да ја најдете на адресата http://localhost:9090 во вашиот веб прелистувач, каде ќе ви биде прикажан екранот за најава или регистрација на системот.
  • Нареден чекор би бил користење на апликацијата, а за тоа повеќе детали ќе проследиме во наредните секции.

Упатство за користење на апликацијата и приказ на главните делови од неа

  • Првиот екран кој нам ни е прикажан, Log-In Screen. Доколку не сакате да се регистрирате, слободно да го искористите корисникот со Username/Password комбинација „Person/Person

  • Листата филмови во форма на редици и колони, прикажани во картички. За најавен корисник видливо е копче кое укажува на тоа дека може да го кликнеме и да означиме дека филмот ни се допаѓа.

  • Листата филмови откако ние ги одбравме нашите омилени филмови или оние кои ни се допаѓаат.

  • Листата филмови откако ја филтриравме според името, името кое им содржело дел од внесената вредност.

  • Екран за додавање на филм, каде може да ги внесеме информациите како Наслов, Оцена, Опис, Линк до постер (слика) на истиот, датум кога бил издаден или прикажан во кино, оцена која ја добил, како и Режисерот, Актерите кои глумеле во него, и тоа од кој жанр припаѓал.

  • Екран каде се прикажани филмовите кои на корисникот му се допаѓаат.

  • Екран во кој се прикажани сите дискусии кои се поставени на системот.

  • Екран откако корисникот ги разгледал дискусиите и оставил допаѓања на тие кои му се допаднале.

  • Екран со кој додаваме Актер или Режисер, каде може да ги ставиме информациите како што се Името, Презимето, Описот на човекот и неговата кариера, дали е од тип актер или режисер, линк до слика од човекот, како информации кога е роден и во кои филмови има глумено.

  • Актерот кој го додадовме во претходната форма, сега видлив во листата актери, но не во листата режисери.

  • Екран каде е видливо дека додадениот Актер е сега во листата на Актери кои глумеле во филмот, видливо при прегледување на филмот во детали (при клик на картичката)

  • Екран каде се видливи информациите за одреден корисник, во случајот „Тест Тестовски“, каде може да видиме работи како што се Жанровите кои му се допаѓаат, Филмовите кои му се допаднале на одредениот корисник, како и Дискусиите и Репликите кои ги оставил, и оцените на филмови и личности кои ги оставил.

  • Филмот кој претходно го додадовме, сега видлив во листата филмови.

  • Екран за додавање на дискусија како најавен корисник, за даден филм.

  • Нашата дискусија која претходно ја додадовме, видлива во листата дискусии.

  • Екранот кој е видлив при додавање оцена за некој Актер или Режисер, во случајот режисер.

  • Оцената која сме ја оставиле во претходниот екран, сега видлива во листата оцени за филмот.

  • Приказ на напреден извештај во однос препораки на филмови. Истиот се добива на најавен корисник, при клик на линкот Омилена листа.

  • Приказ на напреден извештај во однос на најдискутирани филмови по години. Истиот може да се прегледа на http://localhost:9090/graphql/movie при клик на прикажи Најдискутирани филмови.

Attachments (24)

Note: See TracWiki for help on using the wiki.