wiki:UseCaseModel

Version 2 (modified by 193113, 3 years ago) ( diff )

--

Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи

Актери

  • Најавен корисник - регистриран корисник што ги има сите функционалности на апликацијата односно можност за додавање нови актери, филмови, режисери, за креирање дискусии и оценување на истите, како и можност за бришење и модифицирање на претходните сегменти.
  • Ненајавен корисник - корисник што не е најавен или истиот се нема регистрирано и овој корисник има само можност да ги прегледува содржините, но не и да врши промени во однос на истите.

Случаи на употреба

Случај 1. Регистрација на корисник - ненајавен корисник што поднесува барање за регистрација.
Случај 2. Најава на корисник - ненајавен корисник што поднесува барање за најава.
Случај 3. Приказ на актери/режисери/филмови - ненајавен корисник или најавен корисник што добива приказ на сите актери, филмови или режисери.
Случај 4. Приказ на актери/режисери/филмови од соодветен жанр - ненајавен корисник или најавен корисник што добива приказ на сите актери, филмови или режисери од соодветен жанр.
Случај 5. Приказ на дискусии и реплики за соодветен актер/режисер/филм - ненајавен корисник или најавен корисник што добива приказ на сите диксусии и реплики за даден актер, филм или режисер.
Случај 6. Додавање на актер/филм/режисер во омилена листа - најавен корисник што додава актер, филм или режисер во омилена листа.
Случај 7. Преглед на профил на друг корисник - ненајавен или најавен корисник што врши преглед на профил на друг корисник.
Случај 8. Додавање нов актер/режисер/филм - најавен корисник што додава нов запис за актер, режисер или филм.
Случај 9. Бришење на актер/режисер/филм - најавен корисник што бриши запис за актер, режисер или филм.
Случај 10. Промена на податоци на актер/режисер/филм - најавен корисник што врши промена на запис за филм, актер или режисер.
Случај 11. Оставање оцена за даден актер/режисер/филм - најавен корисник што оценува даден актер, филм или режисер.
Случај 12. Креирање дискусија за актер/режисер/филм - најавен корисник што креира дискусија за даден актер, филм или режисер.
Случај 13. Оставање реплика на дискусија - најавен корисник што креира реплика на соодветна отворена дискусија.
Случај 14. Бришење на дискусија/реплика - најавен корисник што бриши дискусија или реплика.

Најважни случаи на употреба

Регистрација на корисник
Отварање на дискусија
Најава на корисник
Преглед на актери/режисери/филмови од соодветен жанр

Note: See TracWiki for help on using the wiki.