wiki:UseCaseImplementation

Version 20 (modified by 223137, 5 weeks ago) ( diff )

--

Имплементација на случаи на употреба

ИД 13 - Ажурирање на податоци за локалот

Менаџерот избира опцијата за уредување или ажурирање на податоците за сопствениот локал.

Менаџерот, следејќи го опишаниот шаблон, ги ажурира податоците кои сака да ги промени, како што се контактни информации, адреса, работно време, категории, услуги, погодности и други детали.

baseFetch е метода од Httpclient класата која служи како генерично централизирано место на конфигурирање на http повици до back-end, најважниот дел од оваа метода е додавањето на Jason Web Token како header во http повикот, за подоцна backend-oт да може да ја потврди легалноста на акцијата од корисникот.

По клик на копчето save, се испраќа http повик кон backend серверот користејќи инстанца од LocalManager класата односно методата saveDetailChanges, LocalManager е инстанцирана со httpclient кој е објаснет погоре.

Во backend апликацијата, request-от е пресретнат од контролер кој што содржи метод соодветен API endpoint, кој пак ги проследува податоците до сервис каде што се наоѓа целата логика.

Во сервисот се повикува соодветна функција каде прво се наоѓа менаџерот преку id-то, соодветно се фрлаат исклучоци ако мемаџерот го нема во базата или ако не му е доделен локал, ова ќе резултира до враќање на error пораки на front-end. Ако се тоа е во ред преку edit функцијата се изменуваат податоците и преку repository-то се зачувува локалот променет во датабазата. Дополнително назад кон контролерот се испраќа објекот измапиран во друга класа, а потоа назад до front-end апликацијата каде повторно се зачувува во state-от за локалот.

ИД 17 - Доделување/одземање на пристап до локал на менаџер

Администраторот по претходно додаден локал има пристап до админ панелот каде што може да ги прегледува и контролира менаџерите кои сеуште не менаџираат никаков локал.

Администраторот има две опции со кои може да ги контролира менаџерите, односно може да додели менаџер на одреден локал или пак да отстрани менаџер кои бил доделен на некој локал. Доколку сака да додели менаџер на некој локал тоа го прави со клик на копчето „Add Manager“, при што се праќа POST барање до backend, каде што контролерот го превзема барањето и со помош на сервисниот слој го обработува истото.

Доколку сака да отстрани некој менаџер од локал не е ништо покомплицирано, администраторот во овој случај кликнува на „Edit Managers“ каде што има листа од менаџери за тој локал. Кликнува на копчето „Remove“ и како и кај доделувањето се праќа барање до backend-от но во овој случај тоа барање е DELETE. Контролерот го превзема барањето и повторно со сервисниот слој го обработува.

Attachments (33)

Note: See TracWiki for help on using the wiki.