SYNTHesized
Компонирање на 'synthwave' музичка нумера преку софтвери за музичка продукција и генерирање звук
Краток опис
Целта на проектот е создавање на композиција во која се опфаќаат сите потребни фази за создавање на една целосна песна: креирање на сите звуци и инструменти, креирање на ритам и движење, модифицирање на звуците за да звучат хармонично, компонирање на песната, додавање ефекти и други компоненти кои помагаат при дизајнирање на звукот, како и микс, мастер. Композицијата е колективна креација на сите членови од тимот, освен оние делови коишто треба да бидат изработени индивидуално по договор. Жанрот на музика во кој спаѓа песната е ‘synthwave’, со оглед на тоа што главно работиме со синтисајзери, а овој жанр е погоден за богата слоевитост. Примарниот софтвер со помош на којшто ги изработуваме, процесираме, и, компонираме звуците е SuperCollider. Искористени се многу различни звуци и инструменти кои подоцна се испроцесирани, и на крај развиени во синтисајзер. Останатите фази од музичката креација се изработени во софтверот за музичка продукција Ableton. Во прилог се поставени инструкции за локално поставување на проектот и пуштање на композицијата во живо.
Инструкции за локално поставување
- Преземете го целиот директориум од следниот OneDrive линк.
- Користете SuperCollider за да ja отворите mix_master.scd датотеката што се наоѓа во папката '5. Микс и мастер'.
- Во навигациониот бар во SuperCollider изберете 'Edit -> Change', или притиснете 'Ctrl + R' за да го отворите прозорецот 'Change'.
- Заменете ги сите <LOCAL_REPOSITORY_PATH> примероци со локалната патека до проектот.
- Стартувајте го серверот, а потоа извршете го кодот што се наоѓа во 'synthesized_master' дефиниција на синтисајзер, проследен со повикувањето на истиот тој синтисајзер во последната линија на 'mix_master.scd' датотеката: 'Synth(\synthesized_master);'
- Уживајте во музиката.
Членови на тимот
| Име и презиме | Индекс |
|---|---|
| Никола Станојковски (координатор) | 181076 |
| Леон Спремо | 193158 |
| Раде Биковски | 193162 |
| Јована Чалоска | 195004 |
| Андреј Славејков | 196047 |
| Борјан Гаговски | 196025 |
| Марко Петрушев | 191261 |
Фази и координација
| Фаза | Линкови | Статус | Датум |
|---|---|---|---|
| 0 | Дефинирање на проектот | Одобрено | 10.12.2021 |
| 1 | Креирање на инструменти и звуци | Одобрено | 31.12.2021 |
| 2 | Креирање на мелодиски линии и ритам идеи | Одобрено | 26.05.2022 |
| 3 | Креирање на синхронизирана композиција | Одобрено | 26.05.2022 |
| 4 | Вклопување на дополнителни ефекти и дизајн на звук | Одобрено | 26.05.2022 |
| 5 | Микс и мастер | Одобрено | 25.08.2022 |
Attachments (1)
- logo.png (61.0 KB ) - added by 4 years ago.
Download all attachments as: .zip
