wiki:WikiStart

SYNTHesized

Компонирање на 'synthwave' музичка нумера преку софтвери за музичка продукција и генерирање звук

Краток опис

Целта на проектот е создавање на композиција во која се опфаќаат сите потребни фази за создавање на една целосна песна: креирање на сите звуци и инструменти, креирање на ритам и движење, модифицирање на звуците за да звучат хармонично, компонирање на песната, додавање ефекти и други компоненти кои помагаат при дизајнирање на звукот, како и микс, мастер. Композицијата е колективна креација на сите членови од тимот, освен оние делови коишто треба да бидат изработени индивидуално по договор. Жанрот на музика во кој спаѓа песната е ‘synthwave’, со оглед на тоа што главно работиме со синтисајзери, а овој жанр е погоден за богата слоевитост. Примарниот софтвер со помош на којшто ги изработуваме, процесираме, и, компонираме звуците е SuperCollider. Искористени се многу различни звуци и инструменти кои подоцна се испроцесирани, и на крај развиени во синтисајзер. Останатите фази од музичката креација се изработени во софтверот за музичка продукција Ableton. Во прилог се поставени инструкции за локално поставување на проектот и пуштање на композицијата во живо.

Инструкции за локално поставување

  1. Преземете го целиот директориум од следниот OneDrive линк.
  2. Користете SuperCollider за да ja отворите mix_master.scd датотеката што се наоѓа во папката '5. Микс и мастер'.
  3. Во навигациониот бар во SuperCollider изберете 'Edit -> Change', или притиснете 'Ctrl + R' за да го отворите прозорецот 'Change'.
  4. Заменете ги сите <LOCAL_REPOSITORY_PATH> примероци со локалната патека до проектот.
  5. Стартувајте го серверот, а потоа извршете го кодот што се наоѓа во 'synthesized_master' дефиниција на синтисајзер, проследен со повикувањето на истиот тој синтисајзер во последната линија на 'mix_master.scd' датотеката: 'Synth(\synthesized_master);'
  6. Уживајте во музиката.

Членови на тимот

Име и презимеИндекс
Никола Станојковски (координатор) 181076
Леон Спремо 193158
Раде Биковски 193162
Јована Чалоска 195004
Андреј Славејков 196047
Борјан Гаговски 196025
Марко Петрушев 191261

Фази и координација

Фаза Линкови Статус Датум
0 Дефинирање на проектот Одобрено 10.12.2021
1 Креирање на инструменти и звуци Одобрено 31.12.2021
2 Креирање на мелодиски линии и ритам идеи Одобрено 26.05.2022
3 Креирање на синхронизирана композиција Одобрено 26.05.2022
4 Вклопување на дополнителни ефекти и дизајн на звук Одобрено 26.05.2022
5 Микс и мастер Одобрено 25.08.2022
Last modified 22 months ago Last modified on 09/20/22 22:59:09

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.