wiki:Креирање на мелодиски линии и ритам идеи

Креирање на мелодиски линии и ритам идеи


Во оваа фаза, секој од членовите поединечно создава мелодиски линии и ритам идеи што најмногу му се допаѓаат за својот инструмент. Ова се прави со помош на различните алатки за креирање на ритмички и мелодиски секвенцери во SuperCollider. Целта на овој процес е креирање на одредени мелодиски теми и ритмови што ќе бидат составен дел од крајната композиција и кохезивно ќе функционираат. Покрај тоа што секој член од тимот индивидуално создава секвенци за својот инструмент во зависност од преференците, сепак сите меѓусебно се во постојана комуникација, со цел тие да можат да си ги надополнуваат и надградуваат меѓусебните идеи, и, со самото тоа, да се олесни крајната фаза на создавање на аранжманот на нумерата. Во прилог е поставен кодот со идеите од секој засебен член за својот инструмент, преставени преку миди (midi) информации.

Ритам секција и идеи

Во текот на оваа фаза, преку процес на групна елиминација, изберен е главен, најдоминантен ритам, со помош на комбинирање на подинструментите на бубањот, со којшто се гради јадрената ритмичка структура на песната. Врз основа на главниот ритам се прават уште неколку варијации на истиот со измена на одредени елементи, со помош на коишто се внесува динамика и промена во чувството во текот на песната, но исто така, и одржување на главната тема. Варијациите што се прават се однесуваат на чинелите и бас бубањот како подинструменти коишто можат да си дозволат мали измени со што ќе внесат повеќе движење, но нема јадрено да ја променат структурата. Сепак, создавањето на овие варијации треба да биде внимателно, бидејќи тие треба да бидат во склоп на чувството и протокот низ секциите. За фус чинелата, иако често таа има постатична метрономска улога во музиката, се потрудивме да направиме варијации во нотите кои таа ги свири за да се додаде покомплексна и поинтересна пулсација на конечната композиција. За оваа цел, фусот често ги пополнуваше празните простори измеѓу бас бубањот и добошот. Во прилог е даден кодот на репрезентативен ритам од композицијата.

Мелодиски линии и идеи

Басот е првичниот елемент од мелодиските инструменти на којшто се обрнува најмногу внимание колективно. Тој е водилката во нумерата којшто ги спојува ритам и мелодиската секција. Поради ова, се избираат неколку главни бас линии коишто кохезивно функционираат со претходно избраните секции со тапан. Водечкиот синтисајзер (lead) е главната мелодиска тема во композицијата, затоа ова е инструментот на којшто се посветува внимание како следен чекор. После избирањето на најдобрите мелодии, се доизменува и доадаптира басот за да може уште подобро да движи низ секциите со мелодиите. Амбиенталните инструменти како падови и арпежиатори се прават последни, но нивната важност е еднакво голема бидејќи, покрај фактот што нивната улога е да ги потпомагаат останатите повпечатливи инструменти, тие ја одржуваат хармониската структура на песната, којашто им дава контекст и значење на останатите мотиви. Во прилог е даден кодот од репрезентативни примероци на мелодиите на секој соодветен инструмент.

Мелодиски линии на бас

Мелодиски линии на позадински синтисајзер

Мелодиски линии на водечки синтисајзер

Мелодиски линии на повторувачки синтисајзер


Изворен код на идеи


ИмеЛинк до изворен код
Мелодии (melody) Мелодии OneDrive
Ритам (rhythm) Ритам OneDrive
Last modified 20 months ago Last modified on 09/20/22 22:05:18

Attachments (6)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.