Дефинирање на Проектот
Краток опис
Целта на проектот е создавање на композиција во која се опфаќаат сите потребни фази за создавање на една целосна песна: креирање на сите звуци и инструменти, креирање на ритам и движење, модифицирање на звуците за да звучат хармонично, компонирање на песната, додавање ефекти и други компоненти кои помагаат при дизајнирање на звукот, како и микс, мастер. Композицијата е колективна креација на сите членови од тимот, освен оние делови коишто треба да бидат изработени индивидуално по договор. Жанрот на музика во кој спаѓа песната е ‘synthwave’, со оглед на тоа што главно работиме со синтисајзери, а овој жанр е погоден за богата слоевитост. Примарниот софтвер со помош на којшто ги изработуваме, процесираме, и, компонираме звуците е SuperCollider. Искористени се многу различни звуци и инструменти кои подоцна се испроцесирани, и на крај развиени во синтисајзер. Останатите фази од музичката креација се изработени во софтверот за музичка продукција Ableton. Во прилог се поставени инструкции за локално поставување на проектот и пуштање на композицијата во живо.
Инструкции за локално поставување
- Преземете го целиот директориум од следниот OneDrive линк.
- Користете SuperCollider за да ja отворите mix_master.scd датотеката што се наоѓа во папката '5. Микс и мастер'.
- Во навигациониот бар во SuperCollider изберете 'Edit -> Change', или притиснете 'Ctrl + R' за да го отворите прозорецот 'Change'.
- Заменете ги сите <LOCAL_REPOSITORY_PATH> примероци со локалната патека до проектот.
- Стартувајте го серверот, а потоа извршете го кодот што се наоѓа во 'synthesized_master' дефиниција на синтисајзер, проследен со повикувањето на истиот тој синтисајзер во последната линија на 'mix_master.scd' датотеката: 'Synth(\synthesized_master);'
- Уживајте во музиката.
Инструменти
Врз основа на групна анализа на членовите на тимот, одлучено е да има 6 главни инструменти коишто го предводат аранжманот и тоа: тапан, бас, водечки синтисајзер, позадински синтисајзер, повторувачки синтисајзер, и, звучни ефекти, кои повеќе имаат улога за надополнување на звукот и подобра артикулација на звучниот пејсаж. Секој од овие инструменти си имаат свои детални улоги дефинирани со подинструментите што се користат.
Име | Подинструменти |
---|---|
Тапан (drums) | бас бубањ (kick), добош (snare), чинели (cymbals), перкусии (percussion) |
Бас (bass) | нестирозиран бас (clean bass), дисторзиран бас (distorted bass) |
Водечки синтисајзер (lead) | --- |
Позадински синтисајзер (pad) | --- |
Повторувачки синтисајзер (arpeggiator) | --- |
Звучни ефекти (sound effects) | кревачи (risers), спуштачи (downers), звучни дизајн ефекти (sound design effects) |