Креирање на инструменти и звуци
На наведениот OneDrive линк се наведени сите звуци кои се користени за креирање на траката, поделени по инструменти. Секој инструмент има свој директориум на звуци, во кој има повеќе различни примероци. Секој од тие звуци и инструменти се бидат меѓусебно споредувани и селектирани преку процес на елиминација со цел множеството на инструменти да ги има сите потребни елементи. Секој звук има свој код, и свој засебен алгоритам за генерирање или синтеза, во зависност од тоа дали е семплуван или изгенериран. Во прилог се илустративно прикачени репрезентативните енвелопи на креираните звуци како и соодветниот код во SuperCollider со којшто се генерирал тој звук.
Бубањ
Генерално, за сите перкусивни инструменти, имаме сличен ADSR (attack, decay, sustain, release) параметар на енвелопата, и имаме сличен пристап за синтеза и креирање на таков тип на звуци. Меѓутоа секој засебен подинструмент на бубањот си има свои мали особености, кои го дефинираат карактерот на истиот. Бубањот претставува инструмент кој ја креира есенцијата, базата и карактерот на звукот на музичка нумера во било кој жанр.
Бас Бубањ
Бас Бубањ (Kick) е подинструмент на бубањот кој е воглавно заслужен за внесување на удар и движење низ ниските фреквенции во миксот, со цел траката да има повеќе тело и основа. Меѓутоа, исто така е важно да се додаваат соодветни шумови и низ спектарот на високите фреквенции, со цел да имаме добро 'лепење' со остатокот од главните звуци кои доминираат во тој опсег. Во основа, има брз удар (attack), и брзо (меѓутоа нешто поспор) пуштање (release), со релативно брзи параметри за опаѓање (decay) и задршка (sustain), со тоа што тие не секогаш постојат заради едноставната синтеза на звукот. Во однос на застапеноста на брановите форми, главниот звук, во најголем дел од случаевите е синусоида (sinewave), меѓутоа, се прави синтеза и со други најразлични бранови со цел да се добие поинтересен и поподвижен тон.
Дадена е енвелопата на бас тапанот во прилог. И покрај тоа што повеќе тонови на овој подинструмент беа искористени, ова е најрепрезентативниот пример, но и немаше многу варијации на истата. Едноставен брз удар (attack), со нешто подолго, но сепак доста кратко спуштање (release). Во прилог е исто прикачен репрезентативен пример од кодот кој го генерираше бас бубањот.
Добош
Добош (Snare) е комплициран подинструмент на бубањот кој е заслужен за дефинирање на главниот карактер на траката. Во светот на музиката, добошот е инструмент којшто, тонски, е најваријабилен. Слободата при создавање на овој звук е голема, меѓутоа и тој си има свои особености и правила. Тој, со својот тон движи низ целиот фреквентен спекар, со силен удар и основа во ниските и средните фреквенции, но и со одѕвонување и движење низ високите, со помош на разни видови на шумови кои се појавуваат во различни кратки периоди низ временската оска. Тој има воглавно брз удар (attack), но малку поспор од бас бубањот, може да има прилично споро или брзо пуштање (release), во зависност од својата улога, варијабилно опаѓање (decay) и задршка (sustain). При креирање и синтеза на добош, има голем број на бранови форми кои можат да бидат искомбинирани со цел да се добие основата. Во конкретниот контекст на создавање на synthwave добош, воглавно беа користени синусоида (sine wave), пила (saw wave) и триаголен бран (triangle wave).
На сликата во прилог е прикажана енвелопата на еден од неколкуте видови на добош што беа искористени во песната, со тоа што сите останати имаат иста или многу слична на оваа. Како што беше спомнато, малку посложена е енвелопата на добошот споредбено со другите инструменти, со краток удар (attack), но не толку остар, нешто поспоро опаѓање (decay) и спуштање (release), споредбено со останатите ударни инструменти.
Во прилог е дадена и сликата за посебниот вид на подинструмент на бубањот 'clap', којшто има улога да прави симулација на аплауз, и се користи како позадински звучен ефект којшто има за цел надополнување на главниот звук на основниот тон на добош. Неговата енвелопа е многу слична како и главниот добош, со тоа што е нешто поедноставен звук, со побрз и постар удар (attack), и поспоро спуштање (release), но по едноставна експоненцијална крива на оската.
Чинели
Hi-hat (Фус педала)
Фус педалата (Hi-Hat) е клучен подинструмент на бубањот. За разлика од „поударните“ подинструменти како бас бубањ и добош кој се најважни за дефинирање на грувот и ритамот, фусот, во најпрост аранжман, има пометрономска улога, почесто е отсвирен од бас бубањот и добошот. Поради тоа, фусот (и синтисајзерски звуци кои имитираат или ја исполнуваат истата улога како фус педала) нема толку ниски фреквенции за да не се истакне толку. Поради тоа, за 'synthwave' фус, беше искористен white noise (што во сусштина е сите фреквенции одеднаш) и се исфилтрираа сите фреквенции под и над 4000 и 4300 херци, соодветно. Фусот има краток но гласен attack, со кратки и тивки decay, sustain и release. Тоа придонесува до потребниот отсечен звук на фусот.
Перкусии
Shaker (Шејкер)
Shaker (Шејкер) e перкусивен инструмент. Има многу различни варијанти на шејкери, но суштината на инструментот се состои од зрна во некој шуплив објект кој потоа се тресе наоколу. Шејкери произведуваат непрецизен и звук и немаат чист крај и почеток или attack. Со тие карактеристики на ум, при дизајнирање на компјутерски шејкер, беше имплементиран подолг attack и decay. Основата на звукот е слична како кај фусот, white noise, но опсегот на фреквенции кои остануаат на крај се пониски (меѓу 2000 и 2600 херци). За да се постигне непредвидливоста и неконзистентноста на секој „удар“ од шејкер, беа искористени рандомизирани вредности (во одреден опсег) за attack, delay, како и за кои фреквенции поточно ќе се исфилтрираат. Понатаму, за разлика од други ударни инструменти кој имаат речиси инстантен attack бидејќи станува збор за прецизен директен удар, шејкерот има побавен attack бидејќи постои краток интервал од моментот на помрднување на шејкерот до моментот кога зрнцата во него ќе ја удрат другата страна на внатрепнината на шејкерот. Слично на тоа, шејкерот има и малку побавен decay во споредба со други ударни инструменти, бидејќи им треба малку време на сите зрнца да отидат од еден до друг крај на внатрепнината на шејкерот. Во дизајнот на нашиот шејкер, тој има речиси никаков decay и release.
Cowbell (Звоно чинела)
Cowbell (Звоно чинела) e перкусивен инструмент. Тој има прилично чист тон, за разлика од други перкусивни инструменти, и се истакнува. Во овој случај, при креирање на компјутерски cowbell, емулиран беше cowbell во стил на 808 ритам машини, не „вистински“ cowbell. Се искористија два брана во форма на пила (saw wave), на 420 и 900 херци. Вториот сигнал е речиси двојно поголем од вториот, што би го направило октава, но намерно не се прецизни вредностите за да се постигне detune ефект и почисто да се чујат двата сигнали. Ако беа двата сигнала точно за октава раздалечени, октавата ќе звучеше само како хармоник на пониската фреквенција. Има брз attack и малку подолг delay, со цел малку подолго да трае звукот. Потоа, се додава исфилтриран noise, со цел да звучи како вид дисторзија. На крај се додава малку реверберација, за да звукот не звучи толку „суво“.
Бас
Бас(Bass) се тонови на ниска (исто така наречена „длабока“) фреквенција, висина и опсег од 16 до 256 Hz (C0 до средна C4), а бас инструментите произведуваат тонови во опсегот на низок тон C2-C4. Кога бас-нотите се свират во музички ансамбл, тие често се користат за да се обезбеди контрапункт или контра-мелодија, во хармоничен контекст или со цел да се постави прогресијата на акордите или со ударни инструменти за да се подвлече ритамот.
Водечки синтизајзер
Водечки синтизајзер (Lead) е мелодичен риф кој се истакнува во песната. Добар водечки синтисајзер е главната мелодија и нештото што луѓе го запомнуваат за песна и си го вртат во глава долго откако завршила песната. Водечкиот синтисајзер е обично чист, добро испроцесиран звук. Во 'synthwave' водечкиот синтисајзер може да се гледа како да ја превзема работата на главниот вокал во песна или како главната гитара во рок композиција. Бидејќи се обично фокусната точка, lead-овите звучат одлично кога се во центарот на миксот. Енвелопите на водечкиот синтисајзер се генерално слични со некои разлики во ударот(attack) и кривата(curve). Овие се plot-овите на покарактеристичните енвелопи кои беа користени.
Позадински синтизајзер
Позадински синтизајзер (Пад) е мек, често издолжен звук дизајниран да ја „исполни“ песната или делот од инструментацијата. Се користи како позадинска хармонија на композицијата. Доаѓа во констраст на водечикиот синтисајзер кој доаѓа во преден план на миксот, наспроти падот кој на некој начин ја исполнува позадината на траката. За ова да се постигне, водечкиот синтисајзер е погласен, во повисоки фреквенции и со отсечно изведени тонови, додека падот е во опсегот на ниски до средни фреквенции и тоновите се изведени непрекинато и поврзано.
Времето на attack-от кај падовите е споро и постепено со цел да се добие мек, а не остар звук. Decay-от и sustain-от најчесто имаат долго време. Сепак посакуваниот нежен, издолжен звук на падот може да се постигне и ако истите се кратки. Најпосле, падот би требало да има подолго release време за да се осигураме дека звукот нема наеднаш да застане.
Ова се графиконите од енвелопите на пад звукот кој се користи во финалната мелодија:
Повторувачки синтизајзер
Повторувачки синтизајзер (Arpeggiator) е секвенца на ноти кои заедно прават акорд. Таа секвенца на ноти се свири во исто темппо и се менува во октави, со цел слушателите да добијат впечаток дека слушаат целосно артикулиран звук во одредена тема. Тие се голем фатор за држење ритам во една компонирана песна. Ударот (attack) и пуштањето (release) се заемно кратки бидејќи секвенцата на ноти треба да се одсвири со побрзо темпо и нотите не треба да се мешаат.
Звучни ефекти
Звучните ефекти (Sound FX) се позадински ефекти коишто ја помагаат хармонијата и го поткрепуваат звучниот пејсаж на една музичка нумера. Тие се многу варијабилни и се многу зависни од типот на музиката и жанрот за којшто се работи. Нивната улога не е да бидат ударни во миксот, како главните инструменти, туку, да ги поткрепуваат истите, и да им помогнат да ја доловат темата и пораката на песната. За потребите на оваа нумера, во најголем процент се потребни кревачи (risers) и спуштачи (downers), со цел поглатка транзиција помеѓу секциите, но исто така се потребни и други ефекти, шумови и звуци кои се користат во сегменти од аранжманот каде главните инструменти немаат доволно моќ да го одржат интензитетот, и да го одржат вниманието на слушателот.
Изворен код на инструменти
Име | Линк до изворен код |
---|---|
Тапан (drums) | Тапан OneDrive |
Бас (bass) | Бас OneDrive |
Водечки синтизајзер (lead) | Водечки синтизајзер OneDrive |
Позадински синтизајзер (pad) | Позадински синтизајзер OneDrive |
Повторувачки синтизајзер (arpeggiator) | Повторувачки синтизајзер OneDrive |
Звучни ефекти (sound effects) | Звучни ефекти OneDrive |
Attachments (22)
- kick-envelope.png (61.3 KB ) - added by 2 years ago.
- clap-envelope.png (70.3 KB ) - added by 2 years ago.
- snare-envelope.png (66.1 KB ) - added by 2 years ago.
- lead1.png (7.8 KB ) - added by 2 years ago.
- lead2.png (7.7 KB ) - added by 2 years ago.
- padEnv1.png (8.2 KB ) - added by 2 years ago.
- padEnv2.png (7.8 KB ) - added by 2 years ago.
- cowbell.jpg (24.4 KB ) - added by 2 years ago.
- shaker.jpg (24.6 KB ) - added by 2 years ago.
- hi-hat.jpg (24.7 KB ) - added by 2 years ago.
- Arp.png (12.7 KB ) - added by 2 years ago.
- Bass.PNG (26.7 KB ) - added by 2 years ago.
- Clap.png (24.0 KB ) - added by 2 years ago.
- Cowbell_code.PNG (29.3 KB ) - added by 2 years ago.
- Hi-hat_code.png (26.0 KB ) - added by 2 years ago.
- Kick_code.png (60.5 KB ) - added by 2 years ago.
- Lead_code.PNG (35.8 KB ) - added by 2 years ago.
- Pad_code.PNG (14.5 KB ) - added by 2 years ago.
- Snare_code.png (55.9 KB ) - added by 2 years ago.
- Shaker_code.png (27.8 KB ) - added by 2 years ago.
- arp_envelope.png (8.0 KB ) - added by 2 years ago.
- bass_envelope.png (9.5 KB ) - added by 2 years ago.
Download all attachments as: .zip