wiki:Микс и мастер

Микс и мастер


По комплетирањето на аранжманскиот и креативниот дел од креирањето на синхронизирана композиција, потребна е дополнителна синхронизација на засебните елементи и аудио записи од коишто истата е составена. Ова се прави во двете подфази: микс и мастеринг. Целта на оваа завршна фаза е секој посебен аудио запис во нумерата да си го најде своето место во фреквентниот опсег и истиот да се обликува на начин преку којшто ќе прави кохезивно соединување со остатокот од траките и ќе биде во склоп на целната емотивна порака на композицијата. Сите членови на тимот еднакво со својот труд допринесуваат во оваа фаза, но, членот којшто ја има улогата на продуцент го координира целиот процес и ги предлага насоките за процесирање, како фаза во којашто е потребно техничко знаење за звук, продукција, аудио спектрален и фреквентен опсег, за којшто пак исто така е потребно многу искуство од областа. Комплетниот изворен код на финалното микс и мастер процесирање е дадено во прилог. Исто така, во прилог на следниот OneDrive линк може да се слушне и финалната верзија од композицијата.

Микс

Во светот на аудио снимање и продукција, аудио миксање е процесот на оптимизирање и комбинирање на повеќе аудио снимки во еден финален моно или стерео запис. Во процесот на комбинирањето на засебните траки, нивните релативни нивоа се прилагодуваат и балансираат со помош на разни процеси како што се изедначување, компресија, лимитирање, ефекти на реверберација, повторување, хор, дуплирање, филтер, панирање итн. Техниките и пристапите за миксање варираат многу во зависност од комплексноста на проектот, преференците и навиките на микс инженерот, но и од потребите на самата композиција.

За потребите на 'SYNTHesized' беше искористен таканаречениот одоздола-нагоре ('bottom-up') пристап за миксање. Тоа е пристап во којшто прво се процесираат аудио записите изолирани со цел да се добие звук којшто ќе одговара засебно за нив. А потоа, се создаваат групи од записи врз основа на направената проценка на инженерот коишто ќе имаат потреба од заемно процесирање, и на крај, се групираат сите траки во една финална целина. Во процесот, се слушаат изолирано повеќе групи од траки за да се провери дали тие функционираат како што треба во завршниот аудио спектар. Покрај индивидуалното процесирање во 'SYNTHesized', беа направени посебни групи на траки од бубањ, бас, падови, водечки синтисајзери, арпежиатори и ефекти, пред нивно комбинирање во завршниот аудио канал (мастерот).

Во прилог се опишани детално процесирањата коишто се прават на инструментите и групите во коишто тие се соодветно поделени.

Тапан

Бас Тапан

Бидејќи бојата на самиот бас тапан која е синтетизирана преку комбинација на повеќе бранови имаше потреба од модификација, требаше да се искористат повеќе групи на Еквилајзерот за да се променат тоналните карактеристики на истиот, со цел да не звучи толку “boxy”, односно да не звучи како да е во кутија, и, да има доста високи фреквенции коишто продираат полесно во миксот и кои одговараат повеќе на стилот на композицијата. Тој визуелно е преставен на сликата во прилог.

Потоа бас тапанот беше дуплиран во посебна трака со цел да се извадат повеќе ниски и суб-фреквенции од бас тапанот. На овој канал ставен е Еквилајзер којшто ги крати сите фреквенции над 76.3 Hz и под 17.7 Hz користејќи Lowpass и Highpass филтер, и ги зголемува фреквенциите на 52.1 Hz за 2.78dB. Ова процесирање е прикажано на следнава слика.

Следно додадон е Сатуратор којшто му додава малку дисторзија и боја на слојот.

Сите канали на бас тапанот на крај се групирани и процесирани со Компресор и уште еден Еквилајзер. Најпрво, наместен е компресор прикажан во прилог којшто го истакнува иницијалниот удар на бас тапанот (Transient).

Потоа на еквилајзерот се скратени ниски фреквенции околу 31.4 Hz, а се кренати околу 50 Hz за 2.45dB, со цел да се истакнат ниските уште повеќе. За крај, скратени се некои фреквенции околу 350 Hz за -3.92dB, а се креваат истите околу 7.5 KHz за 3 dB, и сето тоа е прикажано подетално на сликата во прилог.

Добош

После бас тапанот следи добошот. За почеток, на овој подинструмент му беше ставено Еквилајзер за да се додаде повеќе тело коешто му фалеше на синтетизираниот звук, со тоа што беа кренати фреквенциите околу 32 Hz за 11 dB. Овој потег е многу невообичаен за фазата на микс, но за конкретниов стил на композиција и за звукот одговараше таквото нешто. После ова беа отстранети сите непотребни фреквенции под 88 Hz користејќи Highpass филтер, “boxy” (ефект на кутија) фреквенциите околу 1 KHz за -4 dB, и, беше скратен малку од шумот околу 6.2 KHz за -2.2 dB. После ова, беа скратени сите фреквенции над 11 KHz користејќи Lowpass филтер бидејќи не лепеа убаво со остатокот од миксот и имаа неприроден шум. Овие процесирања се дадени на сликата подолу.

После ова беше ставен Компресор којшто на сличен начин како бас тапанот се користи за да се извади повеќе удар од самиот звук, но овој пат се користи и за да се покачи опашката на добошот и истовремено да се продолжи истата. Другите поставки на компресорот може да се видат на сликата подолу.

Чинели

На чинелите и фусот не се направени некои големи и нагли чекори, бидејќи беше одлучено дека нема потреба од истите. На нив беше додаден само еден Еквилајзер на којшто е ставен еден Lowpass филтер на 13.4 KHz за да се отстрани малку од високиот шум, и, исто така, се крати -2.78 dB на 5 KHz, коешто впрочем може да се види и на сликата дадена во прилог.

Група: Тапани

После миксање на сите делови одделно, сите подинструменти на тапан се праќаат во група во којашто се ставаат неколку елементи од синџирот на процесирање, вклучително и додаток за реверберација. Прво е ставен Еквилајзер на којшто се кратат ниските фреквенции под 27 Hz со Highpass филтер и се кратат сите фреквенции над 16 KHz со помош на Lowpass филтер. Потоа се намалуваат средните фреквенции на 129 Hz за -1.2 dB, на 348 Hz за -2.5 dB, и за крај засилување на високи за 1.7 dB на околу 7.6 KHz.

После ова, ставена е реверберација којашто е наместена на следниов начин дадено на сликата. Оваа одлука беше направена врз основа на фактот дека беше потребен потридимензионален звук, со инспирација од звукот на 80-тите, каде што на тапаните преовладува многу реверб.

За да се истакне повеќе оваа реверберација на тапанот, ставен е и Компресор којшто ги истакнува главните удари, но и опашките. За крај, ставен е и ефект којшто емулира сатурација на магнетна лента. Ефектот е прикажан во прилог.

Басови

Басовите се состојат од 2 звука, каде едниот е октава повисок од другиот, заедно со уште 2 канала што се истите звуци ама само се искористени за крајот. За да истите се вклопат во миксот, не беше потребна многу работа.

На вториот бас му е додаден Еквилајзер којшто има само едно повишување на фреквенциите на 635 Hz за 2.2 dB. (прикажано во прилог)

На последните 2 басови се ставени Lowpass филтри на 1500 Hz бидејќи се искористени само на крајот и целта беше да не се многу истакнати високите на тој дел но да ги има ниските. (прикажано во прилог)

Понатаму, сите овие басови се праќаат во група во која е извршено најголемиот дел од процесирањето. Се започнува со Компресор којшто е искористен за да се намали ударот од нотите, но исто така, и да се доближат сите удари меѓусебно за да имаат слична должина. (прикажано во прилог)

Следно, ставен е ефект: Корус, којшто го прави звукот помасовен и додава интересна боја на самиот бас. (прикажано во прилог)

После тоа следува Еквилајзер на којшто е направен Lowpass филтер на 8.2 KHz и Highpass филтер на 22.9 Hz. Исто така, засилена е фреквенцијата на 70 Hz за 1.2 dB, и, 912 Hz за 1.4 dB. (прикажано во прилог)

После ова е поставен Сатуратор којшто ги заситува басовите малку и ги прави помасивни. (прикажано во прилог)

Падови

Падовите беа доста едноставни да се вклопат во миксот на композицијата. Се состојат од 2 звука коишто свират низ цела песна, еден низок, а другиот повисок. На почеток на нискиот пад е ставен Корус којшто го прави звукот поширок и одговара многу за таа боја на звук. (прикажано во прилог)

После тоа е ставен Компресор за да ги издолжи падовите. (прикажано во прилог)

Ставен е и еден Еквилајзер, што има за цел да ги крати сите ниски фреквенции под 65 Hz, да ги намали сите на 368 Hz за -1.9 dB, и, исто така, да се намалат фреквенциите на 870 Hz за -3.1 dB. (прикажано во прилог)

На вториот пад воглавно е слично, но без еквилајзер. Корусот е сличен со тоа што има намален Delay и појачан Dry/Wet микс, а на компресорот намален Threshold. (прикажано во прилог)

На групата за падови ставен е само еден Еквилајзер на којшто се кратат сите фреквенции под 104 Hz со Highpass филтер, се намалуваат -1.9 dB на 605 Hz, се повишува 5.7 KHz за 1.9 dB, и, се кратат сите фреквенции над 13 KHz со Lowpass филтер. (прикажано во прилог)

Лидови

Лидовите се состојат од 9 канали коишто се групирани во 2 групи, една од 10-14, друга од 15-18, со тоа што траките од 12-13 се исти со 11-12, со разликата дека тие се поместени подесно во временската оска, за продолжување на опашката. Првите лидови од 10-14 ја свират главната мелодија на еден дел од композицијата и на нив е ставен Корус ефект за да звучат пошироко. (прикажано во прилог)

После тоа, ставен е и Еквилајзер на којшто се кратат фреквенции под 180 Hz користејќи Highpass филтер, -1.63 dB на 798 Hz, и, се појачуваат 1.8 dB на 4.3 KHz. (прикажано во прилог)

Слично е направено и за лидовите кои се групирани од 15-18 кои имаат малку поразлични подесувања од претходниот. (прикажано во прилог)

На крај, на целата група за лидови, ставен е само еден Еквилајзер на кој се намалува -2.3 dB на 1.1 KHz, исто толку се појачува на 7.7 KHz, и, се кратат сите високи фреквенции над 21 KHz бидејќи нема потреба од нив. (прикажано во прилог)

Арпежиатори

Арпежијаторите беа доста едноставни да се вклопат во миксот, со тоа што имаат малку чудни средни фреквенции околу 300-350 Hz, и повеќе од корекциите се направени во тој дел. Има 3 арпежијатори од коишто само на 2 е ставено Еквилајзер. На првиот се намалуваат 320 Hz за -2.6 dB, на вториот се намалуваат 338 Hz за 2.8 dB и се повишува 1.6 dB на 1.2 KHz. (прикажано во прилог)

Сите арпежиатори одат во група на којашто е ставен Еквлилајзер во којшто се крати се под 139 Hz со Highpass филтер, се намалува 500 Hz за -5.4 dB, се крева 1.8 dB за 6 KHz и се кратат сите фреквенции над 11.4 KHz со Lowpass филтер. (прикажано во прилог)

После ова е ставен Компресор којшто го истакнува секој удар малку повеќе. (прикажано во прилог)

Звучни Ефекти

На звучните ефекти немаше потреба од било какво дополнително процесирање, бидејќи добро се вклопија во целиот микс.

Мастер

Мастерирање е една форма на аудио пост продукција и претставува процес на подготовка и пренос на снимено аудио од извор што го содржи финалниот микс аудио матријал до уред за складирање на податоци, извор кој ќе ги произведува сите копии (преку методи на притискање, дуплирање или репликација). Постои една важна поделба во стилот на мастерирање: дигитален мастер и аналоген мастер. Дигиталното мастерирање звучи многу поисполирано и почисто, со тоа што не ги содржи шумовите и несаканите ефекти од аудио лентите на аналогните процесирачки единици. Во последните декади најчесто користено е дигиталното мастерирање, но музичката индустрија сеуште го користи аналогното мастерирање во ситуации кога истото смета за посоодветно, бидејќи и тоа си има свои позитивни страни како поопширна хармонска комплексност на аудио спектарот и многу поприроден звук.

За мастерирањето на 'SYNTHesized' беше искористен дигитален мастеринг заради естимацијата на тимот дека тој би бил многу посоодветен за стилот на композицијата. За манипулирањето и скулптурирањето на звукот беа искористени мали процесирачки движења за изедначување, компресија на динамички опсег, лимитање, како и паралелна компресија со цел оптимизирање на преводот на звукот на сите системи за репродукција.

Мастерот на композицијава започнува со Еквилајзер којшто се користи за да се направат некои мали корекции и да се појачаат одредени фреквенции. Се започнува со кратење на ниски фреквенции под 20 Hz користејќи Highpass филтер. Потоа се повишува 42.6 Hz за 1.39 dB за да се слушаат малку повеќе ниските суб фреквенции на Бас Тапанот и Басовите, па потоа се намалуваат бас фреквенциите околу 110 Hz за -1.39 dB и 338 Hz за -0.65 dB, за да на крај, се засили фреквенцијата на 11.4 KHz за 1 dB за да се додаде малку повеќе високи фреквенции. (прикажано во прилог)

)]]

Следно, наместен е Компресор којшто го лепи целиот микс и динамички го изедначува.

На крај на синџирот е наместен лимитер којшто ги крати сите пикови и го изедначува миксот на -0.3 dB.

Датотеката со микс и мастер процесирањата во SuperCollider

Микс и мастер процесирања OneDrive

Финален микс и мастер аудио запис во SuperCollider

Аудио запис со микс и мастер OneDrive

Last modified 2 years ago Last modified on 09/20/22 22:25:29

Attachments (48)

Note: See TracWiki for help on using the wiki.