wiki:Вклопување на дополнителни ефекти и дизајн на звук

Вклопување на дополнителни ефекти и дизајн на звук


После креирањето на синхронизацијата и комбинирањето на сите потребни ритмички и мелодиски елементи, потребно е додавање на дополнителни звучни ефекти во нумерата. Тие имаат улога на додавање на поглатка транзиција меѓу секциите, додавање на повеќе контекст во одредени моменти на траката, како и додавање на мотиви коишто истовремено ја надополнуваат емоцијата, но и, додаваат стереo ширина и детали на истата, со што нумерата станува малку повеќе тродимензионална и поинтересна за слушање. Потребата од конкретни звуци од овој вид зависи многу од жанрот, стилот и насоката на музиката. За конкретниот стил на 'SYNTHesized', ставен е фокус на 3 видови на ефекти и тоа: кревачи (risers), спуштачи (downers) и звучни дизајн ефекти (sound design effects). Комплетниот изворен код за ефектите е даден во прилог, заедно со слики во кои се претставени репрезентативни примероци од енвелопата и кодот на соодветниот вид на звук.

Кревачи (Risers)

Кревач е звук кој постепено се зголемува по јачина, висина на тон или некој друг параметар за модулација. Овој вид на звуци обично се додаваат за постепено зголемување на исчекувањето и поглатка транзиција од една секција во друга. Кревачите се често користени во 'SYNTHesized' поради природата на жанрот, којшто не предодредува многу густ аранжман и дозволува слобода за комбинација на поголем број на аудио записи коишто ќе свират истовремено. Исто така, голем дел од причината за користење на кревачите е количината на секции коишто меѓусебно имаат различна динамика, со што е потребен соодветен звук којшто ќе даде чувство на сличност. Меѓутоа, искористени се не повеќе од 3-4 различни аудио записи за овој вид на ефект низ целата нумера, со цел слушачот да има конзистентна и очекувана претстава за транзицијата меѓу секциите.

Спуштачи (Downers)

Спуштач е тип на звучен ефект којшто претставува постепено намалување на интензитетот и динамиката на транзицијата меѓу деловите на една композиција и обично се користи во првиот такт од ново воведената секција. Контекстот и интензитетот на спуштачите многу зависи од стилот на песната за којшто се работи, и претставува еден од оние ефекти чиешто избирање е прилично ризичен потег бидејќи може да додаде многу специфична и интересна вибрација кон песната, но исто така може и да биде чуден момент за слушателот. Има неколку спуштачи во 'SYNTHesized' коишто се истиот тип на звуци како и кревачите, меѓутоа само поставени во обратна насока, бидејќи беше одлучено од страна на тимот дека композицијата нема да има бенефит од додавање на друг поразличен елемент за овој тип на звучен ефект.

Звучни дизајн ефекти (Sound Design FX)

Ова се типови на аудио записи коишто се користат за дизајнирање на звучниот пејсаж и креирање на лесно препознатлив контекст за слушателот. Ефектите за звучен дизајн се широк поим во музичкиот продукциски свет и нивниот избор зависи од стилот на музиката, динамиката и интензитетот на секциите низ нумерата, како и целта на продуцентот за начинот на проширување на аудио спектарот. Тие се прилично мал дел од композицијата, но се многу забележителни, и, доколку бидат изоставени, ќе фали дополнителната димензија што тие ја додаваат. Во 'SYNTHesized' се искористени ваквиот вид на звучни ефекти во помалку динамичните секции како паузите, строфата и воведот со цел добивање на поголем контраст во моментите кога се користат, за одржување на интересот на слушателот во нумерата и додавање на ситни комплементарни делчиња од емоционална порака.


Датотеките со код за звучните ефекти во SuperCollider

Звучни ефекти OneDrive

Last modified 2 years ago Last modified on 09/20/22 22:16:11

Attachments (6)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.