Креирање на синхронизирана композиција
После собирање на ритмови и мелодиски линии од секој поединечен инструмент и група на инструменти, следи фазата на комбинирање на секои од нив во една синхронизирана композиција каде што сите парчиња се надополнуваат меѓусебно за да се добие една целина која создава некаква емотивна порака. Во текот на нумерата, има комбинација на повеќе видови ритмови, со различна заситеност на инструменти и перкусии, различен грув, различна брзина, различни акценти и динамика, во зависност од значењето на делницата во целината. Преку комбинација на неколку главни теми се направени бас линии и мелодии коишто доминираат низ траката и служат како највпечатливи претставници на музичката порака, а падовите, aрпежиаторите и ефектите соодветно ја создаваат позадинската хармонија и амбиент коишто потпомагаат останатите работи соодветно да имаат повеќе логика во звучниот пејсаж.
Аранжман
Аранжирањето на песната, заедно со сите потребни композиторски елементи, но, без било каков вид на дополнително процесирање, е направено во софтверот за музичка продукција Ableton. Причината за овој избор беа предностите на овој програм за одлична прегледност на аудио записите, многу интутивен интерфејс којшто помага поголем фокус да се стави на самата музика и креативност во текот на создавањето на композицијата, отколку фокус на техничките детали и код, коишто го успоруваат и отежнуваат овој процес.
Оваа фаза течеше паралелно со подфазите "Креирање на мелодиски линии и ритам идеи" и "Вклопување на дополнителни ефекти и дизајн на звук" од причина што во текот на креативниот процес имаше постојана потреба од измени на секвенционите и амбиенталните елементи на композицијата, со цел да може финалниот продукт да биде кохезивен и создаден од елементи коишто меѓусебно се надополнуваат и креираат една целина којашто зрачи со соодветна "synthwave" емоција.
Темпото на нумерата е 93 BPM (отчукувања во минута), а тоникот/главниот клуч е Еф мол (F minor). Формата којашто е искористена е следната: Intro (Вовед) + Verse (Строфа) + Pause (Пауза) + Chorus (Рефрен) + Pause (Пауза) + Chorus (Рефрен) + Outro (Излез). Одлуката за овие детали беше направена во склоп на креативната композиторска потреба на членовите од тимот за доловување на колективната визија и чуство на нумерата.
Детален опис
Аранжманот на композицијата е прилично едноставен, започнува со бас тапан, добош и арпежиатори кои имаат Low pass и High pass филтер којшто постепено се отвара. На средина на интро секвенцата започнува да свири и филтриран бас со Low pass филтер којшто исто така се отвара постепено, каде ниската октава е намалена за неколку децибели за понатаму кога ќе влезат сите инструменти да звучи помасивно.
Откога ќе помине интро секцијата, влегуваат повеќе инструменти, како 2та падови, арпежиаторите и басот, коишто стануваат целосно отворени без филтри на нив. Тука започнува делот за строфа. После неколку повторувања, се преминува на мала пауза во којашто се оставени еден позадински синтисајзер и арпежиаторите на коишто има филтер кој исто така се отвара.
Од паузата со транзиција на добошот следува рефренот, којшто има различни прогресии на басовите, падовите и нови секвенци на ударните инструменти, а тука се појавуваат и првите лидови кои имаат една повторувачка мелодиска линија.
После овој дел се враќа првичната прогресија и секвенца, и тука се појавуват 2 нови лидови, а претходните престануваат да свират. Овие водечки синтисајзери ја свират главната мелодиска линија на композицијата која се појавува еднаш во целиот аранжман. После оваа секција се појавува паузата и нејзе ја следува истиот рефрен од претходно.
После рефренот започнува крајот на композицијата, излезот, во којшто продолжува мелодијата од рефренот, заедно со поедноставена варијанта на секвенцата на басот. Тука завршуваат со свирење тапаните, падовите и арпежиаторите, со што завршува композицијата, при што се аплицира филтер и намалување на гласноста.
Во прилог се наоѓа финалниот поглед од проектот во којшто се гледа структурата при организацијата и аранжирањето на аудио записите во Ableton, коишто се експортирани од SuperCollider кадешто беа претходно изгенерирани.
Проектот со сите потребни датотеки на композицијата во Ableton
Attachments (1)
- Screenshot_23.jpg (105.1 KB ) - added by 2 years ago.
Download all attachments as: .zip