Визија
1. Вовед
Целта на нашата апликација е да создаде платформа за програмерски задачи/предизвици која ќе им овозможи на студентите на ФИНКИ секојдневно да решаваат алгоритамски предизвици, да следат напредок и да се натпреваруваат меѓусебно. Апликацијата ќе им овозможи лесен пристап до предизвици, автоматско оценување на решенијата и систем за поени и рангирање.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
| Тема на проблем | Студентите немаат начин да се натпреваруваат помеѓу себе и онлајн да дискутираат за задачи
|
|---|
| Кого засега | Студентите на ФИНКИ кои сакаат да ги подобрат своите алгоритамски и програмерски вештини
|
|---|
| Со последици како | Намалена мотивација за самостојно учење, недоволно практично искуство
|
|---|
| Успешно решение би било | Веб апликација која би ги поттикнала студентите често да вежбаат задачи, да бидат мотивирани и да се натпреваруваат меѓусебно
|
|---|
2.2 Позиција на пазарот
| За | Студенти на ФИНКИ
|
|---|
| Кои | Би сакале секојдневно да вежбаат програмерски предизвици и да се натпреваруваат
|
|---|
| FINKI-Ranked | Е веб апликација за решавање на програмерски предизвици и дискусија за истите
|
|---|
| За разлика од | Монотоно решавање на аудиториски вежби
|
|---|
| Нашиот продукт | Е платформа која на студентите ќе им го развие натпреварувачкиот дух, колегијалноста и преку која ќе стекнат работни навики
|
|---|
3. Опис на засегнатите лица
3.1 Преглед
| Име | Опис | Одговорности
|
|---|
| Студент - корисник | Најавен корисник на апликацијата | Клиент кој решава предизвици, чита и објавува на форумот
|
| Развивач на апликацијата | Одговорен за платформата | Развивање и одржување на платформата
|
| Модератор | Одговорен за дневните предизвици и содржината на форумот | Редовно додавање нови задачи, отстранување објави и коментари од форумот, како и одобрување и одбивање објави за форумот
|
3.2 Корисничка околина
Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до апликацијата преку било кој компјутер, мобилен телефон или таблет со достапност до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања.
4. Преглед на производот
4.1 Барања
| Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
|---|
| Регистрација и најава на корисници | Висок | Можност за најава на веб апликацијата преку email адресата доделена од факултетот
|
| Приказ на дневен предизвик | Висок | Приказ на дневен предизвик од датабазата
|
| Оценување на студентот | Висок | Доделување поени и ранг по точно решен предизвик
|
| Рангирање на студентот | Висок | Додавање на студентот во листа според поените кои ги освоил
|
5. Други барања
| Барање | Приоритет
|
|---|
| Интернет конекција | Висок
|
| Компјутер | Висок
|
| Веб прелистувач | Висок
|
| Потреба од личен профил за решавање предизвици и објавување на форум | Висок
|