Визија
1. Вовед
Целта на нашата веб апликација е олеснување на секој студент на ФИНКИ при изборот на изборни предмети. Воедно секој корисник на нашата апликација ќе има прилагодено пребарување врз основа на положени предмети, лични преференци и слично.
2. Позиционирање
2.1 Дефиниција на проблем
| Проблем на | Студентите при избор на изборен предмет имаат премногу опции, но немаат доволно потврдени информации за истите, што го прави процесот на бирање изборни предмети поконфузен. |
|---|---|
| ги засега | Студентите на ФИНКИ |
| со последици како | Бирање на несоодветни предмети. |
| успешно решение би било | Веб апликација која користи некаков алгоритам за лична препорака специфична за секој студент. |
2.2 Позиција на пазарот
| За | студенти на ФИНКИ |
|---|---|
| Кои | не се сигурни при избор на изборен предмет |
| ИзбериИзборен | е систем за препорака на изборни предмети |
| Која овозможува | персонализирани препораки за изборните предмети |
| За разлика од | мануелно пребарување на изборните предмети |
| Нашиот продукт | нуди алгоритам кој ќе помогне во процесот на бирање изборни предмети, и приказ на сите |
3. Опис на засегнати лица
3.1 Преглед
| Име | Опис | Одговорност |
|---|---|---|
| Студент | Корисник на апликацијата | Користење на апликацијата |
| Развивач на апликација | Одржувач на апликацијата и лице во случај на технички проблеми | Често одржување на апликацијата како и пронаоѓање на потенцијални грешки во системот |
| Администратор | Прегледувач | Прегледувач на содржината на страната со пермисии за нејзино менување. |
| Супер администратор | Распределувач на пермисии | Доделување на пермисиите на администраторите и развивачите на апликацијата |
3.2 Корисничка средина
Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до апликацијата преку било кој мобилен телефон или компјутер, со достапост до интернет, веб прелистувач и најава преку CAS како единствени ограничувања.
4. Преглед на продуктот
4.1 Потреби и карактеристики
| Потреба | Приоритет | Карактеристики |
|---|---|---|
| Регистрација и најава на корисници | Висок | Можност за најава на веб апликацијата |
| Преглед на препораки | Висок | Приказ на препораките од алгоритмот |
| Преглед на положени предмети | Висок | Приказ на положените предмети и оценките по истите |
| Филтрирање | Среден | Можност за филтрирање на изборни предмети според различни интереси |
| Пребарување | Среден | Пребарување на одреден изборен предмет според име |
5. Други барања
| Барање | Приоритет |
|---|---|
| Интернет конекција | Задолжително |
| Мобилен телефон или компјутер | Задолжително |
| Веб прелистувач | Задолжително |
Last modified
6 months ago
Last modified on 04/30/25 20:43:29
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.
