Визија
1. Вовед
Целта на нашата апликација е да создаде специјализирана e-commerce платформа наменета за локалниот пазар во Северна Македонија, која ќе ги обедини домашните производители и трговци на едно место. Преку оваа платформа, корисниците ќе имаат лесен пристап до локалните македонски производи, додека производителите ќе добијат дигитален простор за промоција и продажба. Апликацијата Kupi.mk има за цел да го поттикне растот на домашното претприемништво, да ја зајакне локалната економија и да ги приближи македонските производи до крајните купувачи во земјата, со што ќе се олесни пристапот на македонските купувачи до локални брендови. Преку интуитивен интерфејс, систем за категории и пребарување, безбедно плаќање и можност за кориснички мислења и оценки, платформата ќе создаде силна врска помеѓу локалните продавачи и потрошувачите во Северна Македонија.
2. Позиционирање
2.1 Дефиницја на проблем
| Тема на проблем | Домашните производители и трговци во Северна Македонија немаат централна онлајн платформа каде што можат да ги претстават и продаваат своите производи, па затоа тие користат социјални мрежи, а тоа предизвикува потешка достапност од страна на потрошувачите. |
|---|---|
| Кого засега | Домашните мали и средни претпријатија, локални занаетчии и трговци, како и самите купувачи. |
| Со последици како | Недоволна изложеност на пазарот, слаба промоција и продажба на домашни производи, зависност од странски платформи, отежнат пристап на купувачите до локални брендови, и помала поддршка за домашната економија. |
| Успешно решение би било | Веб апликација која би го поттикнала народот да купува македонски производи преку централизирана e-commerce платформа каде што сите домашни производители и трговци ќе можат да ги изложат и продаваат своите производи, со што ќе се олесни поврзаноста меѓу купувачите и локалните бизниси |
2.2 Позиција на пазарот
| За | Купувачи во Северна Македонија и домашни производители/трговци |
|---|---|
| Кои | Имаат потреба од едноставна и сигурна платформа за купување/продавање македонски производи |
| FINKI-Ranked | Е веб апликација за онлајн купување и продажба со поддршка на локални бизниси |
| За разлика од | Неструктурирана продажба преку различни социјални мрежи и зависност од странски платформи. Плаќањето е преку договор по приватна порака, а не преку безбеден онлајн систем. Купувачот не знае точно дали производот е достапен, колку чини доставата, или кога ќе стигне. |
| Нашиот продукт | Обезбедува централизирано, достапно и безбедно онлајн место за македонското производство и локалната економија |
3. Опис на засегнатите лица
3.1 Преглед
| Име | Опис | Одговорности |
|---|---|---|
| Купувач | Корисник кој ја користи платформата за купување македонски производи | Пребарување, избор и нарачка на производи |
| Продавач | Домашен производител или трговец кој ги изложува своите производи на платформата | Управување со продуктите, обработка на нарачки |
| Администратор | Одговорен за одржување и модерација на платформата | Одобрување на производи, следење на кориснички активности, техничка поддршка |
3.2 Корисничка околина
Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до платформата преку било кој уред со достапост до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања.
4. Преглед на производот
4.1 Барања од страна на купувач
| Потреба | Приоритет | Карактеристики |
|---|---|---|
| Регистрација и најава | Висок | Корисниците можат да креираат профил и да се најавуваат преку email |
| Преглед на производи | Висок | Приказ на производи според категории, филтри и пребарување |
| Управување со производи | Висок | Продавачите можат да додаваат, менуваат и бришат производи |
| Нарачка и плаќање | Висок | Безбедна онлајн нарачка и опции за плаќање |
| Потврда за нарачка преку е-пошта | Висок | Купувачот добива автоматска е-пошта со детали за нарачката веднаш по нејзиното креирање |
| Кориснички оценки и прегледи | Среден | Купувачите можат да оставаат оценки и коментари за производите |
4.2 Барања од страна на продавач
| Потреба | Приоритет | Карактеристики |
|---|---|---|
| Регистрација и најава | Висок | Корисниците и продавачите можат да креираат профил и да се најавуваат преку email |
| Преглед на производи | Висок | Приказ на производи според категории, филтри и пребарување |
| Управување со производи | Висок | Продавачите можат да додаваат, уредуваат и бришат производи преку сопствен панел |
| Следење на нарачки од страна на продавачот | Висок | Продавачите добиваат известување за нови нарачки и можат да ја следат нивната состојба |
| Управување со профил на продавница | Среден | Можност за уредување на информации за продавницата: име, опис, контакт, лого |
| Комуникација со купувачи | Среден | Продавачите можат да комуницираат со купувачите со помош на пораки или известувања пратени преку е-mail |
| Исплата кон продавач | Висок | По завршена нарачка, средствата се префрлаат на сметката на продавачот преку сигурен систем за исплата |
5. Други барања
| Барање | Приоритет |
|---|---|
| Интернет конекција | Висок |
| Уред со веб прелистувач | Висок |
| Сигурна обработка на податоци | Висок |
| Потреба на личен профил на корисник | Висок |
| Потреба на профил од страната на продавачот | Висок |
