Визија
1. Вовед
Целта на нашата апликација е да создаде специјализирана e-commerce платформа наменета за локалниот пазар во Северна Македонија, која ќе ги обедини домашните производители и трговци на едно место. Преку оваа платформа, корисниците ќе имаат лесен пристап до локалните македонски производи, додека производителите ќе добијат дигитален простор за промоција и продажба. Апликацијата Kupi.mk има за цел да го поттикне растот на домашното претприемништво, да ја зајакне локалната економија и да ги приближи македонските производи до крајните купувачи во земјата, со што ќе се олесни пристапот на македонските купувачи до локални брендови.
Преку интуитивен интерфејс, систем за категории и пребарување, безбедно плаќање и можност за кориснички мислења и оценки, платформата ќе создаде силна врска помеѓу локалните продавачи и потрошувачите во Северна Македонија.
2. Позиционирање
2.1 Дефиницја на проблем
| Тема на проблем | Домашните производители и трговци во Северна Македонија немаат централна онлајн платформа каде што можат да ги претстават и продаваат своите производи, па затоа тие користат социјални мрежи, а тоа предизвикува потешка достапност од страна на потрошувачите.
|
|---|
| Кого засега | Домашните мали и средни претпријатија, локални занаетчии и трговци, како и самите купувачи.
|
|---|
| Со последици како | Недоволна изложеност на пазарот, слаба промоција и продажба на домашни производи, зависност од странски платформи, отежнат пристап на купувачите до локални брендови, и помала поддршка за домашната економија.
|
|---|
| Успешно решение би било | Веб апликација која би го поттикнала народот да купува македонски производи преку централизирана e-commerce платформа каде што сите домашни производители и трговци ќе можат да ги изложат и продаваат своите производи, со што ќе се олесни поврзаноста меѓу купувачите и локалните бизниси
|
|---|
2.2 Позиција на пазарот
| За | Купувачи во Северна Македонија и домашни производители/трговци
|
|---|
| Кои | Имаат потреба од едноставна и сигурна платформа за купување/продавање македонски производи
|
|---|
| FINKI-Ranked | Е веб апликација за онлајн купување и продажба со поддршка на локални бизниси
|
|---|
| За разлика од | Неструктурирана продажба преку различни социјални мрежи и зависност од странски платформи. Плаќањето е преку договор по приватна порака, а не преку безбеден онлајн систем. Купувачот не знае точно дали производот е достапен, колку чини доставата, или кога ќе стигне.
|
|---|
| Нашиот продукт | Обезбедува централизирано, достапно и безбедно онлајн место за македонското производство и локалната економија
|
|---|
3. Опис на засегнатите лица
3.1 Преглед
| Име | Опис | Одговорности
|
|---|
| Купувач | Корисник кој ја користи платформата за купување македонски производи | Пребарување, избор и нарачка на производи
|
| Продавач | Домашен производител или трговец кој ги изложува своите производи на платформата | Управување со продуктите, обработка на нарачки
|
| Администратор | Одговорен за одржување и модерација на платформата | Одобрување на производи, следење на кориснички активности, техничка поддршка
|
3.2 Корисничка околина
Веб апликација со едноставен интерфејс. Корисниците ќе можат да пристапат до платформата преку било кој уред со достапост до интернет и веб прелистувач како единствени ограничувања.
4. Преглед на производот
4.1 Барања од страна на купувач
| Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
|---|
| Регистрација и најава | Висок | Корисниците можат да креираат профил и да се најавуваат преку email
|
| Преглед на производи | Висок | Приказ на производи според категории, филтри и пребарување
|
| Управување со производи | Висок | Продавачите можат да додаваат, менуваат и бришат производи
|
| Нарачка и плаќање | Висок | Безбедна онлајн нарачка и опции за плаќање
|
| Потврда за нарачка преку е-пошта | Висок | Купувачот добива автоматска е-пошта со детали за нарачката веднаш по нејзиното креирање
|
| Кориснички оценки и прегледи | Среден | Купувачите можат да оставаат оценки и коментари за производите
|
4.2 Барања од страна на продавач
| Потреба | Приоритет | Карактеристики
|
|---|
| Регистрација и најава | Висок | Корисниците и продавачите можат да креираат профил и да се најавуваат преку email
|
| Преглед на производи | Висок | Приказ на производи според категории, филтри и пребарување
|
| Управување со производи | Висок | Продавачите можат да додаваат, уредуваат и бришат производи преку сопствен панел
|
| Следење на нарачки од страна на продавачот | Висок | Продавачите добиваат известување за нови нарачки и можат да ја следат нивната состојба
|
| Управување со профил на продавница | Среден | Можност за уредување на информации за продавницата: име, опис, контакт, лого
|
| Комуникација со купувачи | Среден | Продавачите можат да комуницираат со купувачите со помош на пораки или известувања пратени преку е-mail
|
| Исплата кон продавач | Висок | По завршена нарачка, средствата се префрлаат на сметката на продавачот преку сигурен систем за исплата
|
5. Други барања
| Барање | Приоритет
|
|---|
| Интернет конекција | Висок
|
| Уред со веб прелистувач | Висок
|
| Сигурна обработка на податоци | Висок
|
| Потреба на личен профил на корисник | Висок
|
| Потреба на профил од страната на продавачот | Висок
|