wiki:Карактеристики на продуктот

Карактеристики на продуктот

Online книжарницата им нуди на корисниците централизирано место за пребарување и купување книги. Карактеристиките на сервисот се приоретизирани на следниот начин:

Ниво на приоритет

Опис

Приоритет 1

Функционалност од суштинско значење

Приоритет 2

Пожелна функционалност

Приоритет 3

Дополнителни функции

Карактеристики кои се однесуваат на купувачите кои ќе го користат сајтот:

  • Регистрација

Приоритет 1: Секој корисник ќе треба да се регистрира со валидна мејл адреса и лозинка со што ќе се креира личен профил. Корисникот ќе треба да ги внесе своите лични податоци како што се име, презиме и адреса на живеење. Внесот на информациите за кредитната картичка ќе се прави при секое купување на книга.

  • Пребарување на книги

Приоритет 1: Пребарувањето на книги ќе може да се прави преку внесување на автор, наслов и/или одбирање на веќе предефинирана категорија/жанр.

  • Додавање на книги во листа со желби

Приоритет 1: Корисникот ќе може да додаде неограничен број на книги во својата листа со желби. Книгата автоматски ќе се тргне од листата доколку корисникот ја купи истата. Ако некоја од книгите во листата на желби е добиена на залиха (книгата е нова или претходно ја немало на залиха) се известува корисникот за достапноста на книгата. Исто така ако на некоја книга се воведе попуст, а истата ја има во листата на желби се известува корисникот за промената на цената.

  • Потрошувачка кошничка

Приоритет 1: Корисникот ќе може да додаде неограничен број на книги во својата потрошувачка кошничка. Плаќањето за истите ќе се врши откако корисникот ќе кликне на „Checkout“ копчето.

  • Купување на книги

Приоритет 1: Купувањето на книги би се одвивало преку плаќање со кредитна картичка.
Приоритет 3: При самото уплаќање корисникот може да ја означи книгата како поклон. Во тој случај треба да ја внесе адресата за достава и името на испраќачот. Книгата ќе биде доставена во украсна хартија и заедно со неа ќе има посвета со името на испраќачот.

  • Оценување на книгите

Приоритет 2: Оценувањето на книгите може да се врши преку давање оцена и/или коментар за одредена книга без притоа корисникот да е регистриран/најавен. Овие оценки ќе бидат достапни и за нерегертираните/ненајавените корисници.
Приоритет 3: Секој месец ќе се објавува листа на најдобро оценетите книги.

  • Препорачување книга

Приоритет 3: Препорачувањето на книга ќе може да се врши на два начина и тоа, препорачување на одредена личност преку порака или споделување на книгата на некоја од социјалните мрежи.

  • Преглед на нови книги

Приоритет 1: Корисникот ќе може да ги разгледува новите најавени книги. Исто така ќе пишува и кога ќе започне продажбата на некоја нова книга. Доколку корисникот стави во листата со желби некоја од новите книги ќе добие потсетување преку мејл дека книгата е пуштена во продажба.

  • Преглед на најкупувани книги

Приоритет 3: Ќе се овозможи преглед на најкупуваните книги за изминатиот месец.

  • Прикажување колекции

Приоритет 1: Доколку одредена книга е дел од некоја колекција на корисникот ќе му се даде можност за купување на целата колекција или поединечна книга.

  • Систем за препораки

Приоритет 1: Системот ќе препорачува книги врз основа на претходни купувања и/или пребарувања на корисникот.

Карактеристики кои се однесуваат на менаџерите на содржина (сите карактеристики се со приоритет 1):

  • Преглед на залихи

Менаџерот ќе може да врши преглед на залихите на одредена книга и ќе биде известен доколку одредена книга е потрошена.

  • Преглед на нарачки

Менаџерот ќе може да ги прегледува нарачките според градови и големина на нарачка.

  • Менаџирање на книгите во продажба

Менаџерот може да додаде или да тргне одредена книга од продажба. Исто така ќе може да ја менува цената на книгата доколку истата се променила или книгата е ставена на попуст/промоција.

Магацинскиот работник може да внесува залихи и да ги менаџира нарачките.

  • Додавање на залихи

Магацинскиот работник ќе може да врши додавање на залихите на одредена книга и ќе биде известен доколку одредена книга е потрошена.

  • Менаџирање на нарачки

Магацинскиот работник ќе може да ги прегледува нарачките и да ги означува завршените нарачки.

Last modified 8 years ago Last modified on 11/20/15 11:36:54
Note: See TracWiki for help on using the wiki.