wiki:Zadaca_11M

1: Опис и дефинирање на проект

ERP и CRM системите користат различни пристапи за зголемување на профитабилноста. ERP се фокусира на намалување на трошоците, и со тоа се зголемува профитот. Додека, CRM работи на зголемување на добивката преку поголема продажба. Во нашиот случај, нашиот систем нема да има конкретна продажба на производи и добивање надоместок за тоа, туку продажбата се однесува на зголемување на резервите на крв. Преку користење на CRM систем, можеме да:

  • да се фокусираме на маркетинг за да можеме да придобиеме повеќе крводарители
  • Да управуваме со донациите и со резервите на крвта.
  • Да вршиме пресметки за донациите
  • Да ја автоматизираме службата за корисници
  • Да креираме извештаи
  • Управување се крводарители, вработени и слично
  • Креирање на најразлични анализи и извештаи
  • Комуникација со крводарителите и останатите болници
  • Креирање на настани

2. Избор на софтверски решенија

  • AgileCRM

Agile CRM претставува софтвер кој што помага при автоматизацијата на продажбата(во нашиот случај со донациите на крв), маркетинг и сервисите во единствена платформа. Ние не се одлучивме за овој софтвер, бидејќи не ги покрива сите студии на случаи.

  • OroCRM

Ние се одлучивме за овој избор, бидејќи претставува софтвер со отворен код, и најмногу одговара на нашите студии на случаи. Можат да се вршат пресметки за донации, да се креираат настани, да се комуницира со останати крводарители и останати болници. Можат да се креираат различни извештаи и да се креираат маркетинг кампањи. Ние ја испробавме демо верзијата од овој софтвер.

Last modified 5 years ago Last modified on 01/29/19 19:28:31

Attachments (14)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.