wiki:About

За: Bus&Gо

Членови на тимот:

  • Павел Пауновски 216049
  • Петар Груевски 212034
  • Дарко Секуловски 212028

Краток опис:

Bus&Go e апликација за целосно менаџирање со јавниот превоз во Скопје, менаџирање со возачите, кондукторите, патниците, билетите, постојките, автобусите итн. Секој корисник е потребно да се регистрира со е-пошта, име, презиме, телефонски број, адреса. Следен чекор е да се внесе личен документ за корисникот (лична карта или пасош). За секој личен документ се чува бројот на документот, датумот на издавање, датумот на истекување и кој надлежен орган го издал. Секој патник може да менаџира со своите билети. Билетите може да бидат од различен тип: часовен, дневен, неделен, месечен, годишен. Секој вработен возач ќе има своја сметка на апликацијата и ќе се поврзува со превозното средство кое го управува во моментот, дополнително за секој возач се чува неговата возачка дозвола. Секое превозно средство може да се подеси на соодветна линија, а секоја линија има еднозначна ознака и рута на движење. За дадена рута се знаат постојките на кои се запира, кои се одликуваат со идентификациски број и име. Секој вработен кондуктор има своја сметка на апликацијата, и преку неа при влез во некој од автобусите проверува дали патниците имаат платено за превозот или не. Кондукторот има можност за казнување на оние патници кои не платиле билет.

Детален опис:

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби:

Апликацијата е наменета за сите патници кои ќе го користат јавниот превоз во главниот град на Македонија. Овозможува и користење од страна на лица од друга држава кои при најавата ќе треба да венсат пасош како личен документ за идентификација. Меѓу другото, апликацијата е користена и од вработените возачи и кондуктери во Јавното Сообраќајно Претпријатие на град Скопје. Апликацијата е во сопственост на ЈСП Скопје и тие се одговорни за нејзино одржување и уредување. Нивна должност е да назначат одговорно лице за додавање, уредување или бришење на: возачи, кондуктори, линии, превозни средства, рути, постојки, категории на билети итн.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?:

Со воведување на овој систем ќе се поедностави работењето на јавното претпријатие за транспорт на патници и користењето на јавниот превоз за патниците. Со овој систем ќе овозможи лесно електронско купување на билети со што ќе овозможи целосна дигитлизација со која што целосно ќе исфрлат хартиените билети. Целосната дигитализација ќе ја зголеми можноста за следење на интерни статистики во претпријатието и полесна евиденција на патниците и вработените. Исто така ќе го олесни планирањето на превозот на патниците, ќе ги намали грешките при евидентирање на превозните средства и ќе овозможи полесно и побрзо санкционирање на патниците кои немаат купено билет.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?:

Апликацијата ќе ги има следниве видови на корсиници:

  • Администратор:

Администраторот е задолжен за одржување и менаџирање со апликацијата, додавање на улоги, додавање на постојки, автобуси, линии итн.

  • Патник:

Патникот е корисник на апликацијата на кој му се овозможува електронско купување билети за јавниот превоз. Тој ќе има можност да го следни возниот ред по линии и постојки. Притоа тој мора да креира корисничка сметка на апликацијата и да ги внесе потребните лични податоци.

  • Возач:

Возачот е вработен во претпријатието и е одговорен за возење на превозното средство. За него се чуваат различни податоци кои би се употребувале за интерни статистики во претпријатието, како што се плата, датум на вработување, датум на прекин на работниот однос (доколку е поранешен вработен). Тој во својата кариера ќе може да управува со повеќе автобуси кои се насочени на различни линии.

  • Кондуктор:

Кондуктер е вработен во претпријатието и е одговорен за вршење на контрола на билетите во превозните средства. Контролата се врши со валидирање на возењето на патникот. Доколку билетот не е валидиран тогаш кондуктерот има опција за казнување на патникот.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?:

Постои слично решение изготвено од ЈСП Скопје, но проблемот е во тоа што не се овозможува лесно online купување на билети, затоа ние нудиме целосна дигитализација на процесот на купување билети за јавниот превоз, процесот на пишување и плаќање казни и олеснета евиденција на патниците во јавниот превоз. Апликацијата ќе овозможи вадење на детални статистики за користењето на јавниот превоз. Нудиме нов тип на часовни билети, кои би требало да бидат од поголема корист одколку еднократните или неколкукратните билети.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?:

Се работи за веб апликација.

Last modified 12 months ago Last modified on 11/17/23 16:26:21
Note: See TracWiki for help on using the wiki.