Визија
1. Вовед
Во игрите во казино уживаат милиони луѓе ширум светот и тоа сo многу години. Игрите се забавни, полни со изненадувања и полни со добивки и тие се за секој кој се чувствува доволно силно, авантуристично, и има огромна желба да го промени статусот кво во својот живот.
Со Caessino е полесно од кога било досега да се игра, а дури не мора ни да ја напуштате куќата. Caessino е едно од најмодерните виртуелни казина. Ви нуди бескрајна забава, достапна со само неколку клика, разновиден репертоар на игри и многу вредни награди.
2. Позиционирање
2.1. Дефиниција на проблем
Проблемот на | непостоење на физички казина на одредени локации, како и неможност на одредени лица да идат физички до казиното
|
---|
Ги засега | сите љубители на игри во казино
|
---|
Последици од проблемот | забава со игри во казино не е достапна во секое време и место
|
---|
Успешно решение би било | онлајн веб апликација која едноставно самиот корисник да ја игра од својот дом, без да оди физички до самото казино
|
---|
2.2. Позиција на пазарот
За група корисници | сите луѓе над 18 години
|
---|
Коишто | сакаат да се забавуваат во казино онлајн
|
---|
Caessino | е најмодерното виртуелно казино претставено преку веб апликацијата
|
---|
Која овозможува | забавување со разновидни игри преку интернтет
|
---|
За разлика од | досегашните виртуелни казина
|
---|
Нашиот продукт | нуди најразновидни игри, најмодерно следење на текот на игрите според најновите правила и најмногу награди
|
---|
3. Опис на засегнати страни
3.1. Преглед
Име | Опис | Одговорност
|
---|
Администратор | Админ - корисник со административен пристап | Може да дава привилегии на останатите корисници.
|
Играч | Играчи - сите лица кои ги играат игрите во казиното | Сите корисници(играчи) ќе имаат привилегии да ги користат игрите во казиното.
|
Надлежно лице | Надлежно лице - Лице кое има привилегии од Администратор за преглед на информациите на играчите | Систем во кој ќе прави детален преглед на информациите на играчите со цел да провере дали се валидни и дали можат да го користат казиното.
|
Развивачи на апликацијата | Развивач на апликацијата и лице во случај на технички проблеми | Секој проблем кој ќе биде пријавен или bug во однос на апликацијата ќе го решат.
|
3.2. Корисничка средина
Сите видови на корисници мораат да имаат пристап до интернет и уред којшто содржи веб прелистувач. Апликацијата има едноставен интерфејс така што ќе се одвива регистрација 2-3мин. По направената регистрација корисниците ќе треба да потврдат дека ги исполнуваат условите и дека имаат над 18 години. Пред корисникот да започне со првата игра ќе треба да внесе картичка која е валидна за системот. пр. Master-Card. Корисникот одлучува колку кредити(chips) ќе си купи и кои ќе може да ги употребува при секоја игра.
Апликацијата ќе може да се користи преку повеќе уреди:
- Мобилен телефон
- Компјутер
- Таблет
- ..и сите останати уреди кои имаат пристап до интернет и веб прелистувач.
4. Преглед на производот
4.1. Потреби и карактеристики
Потреба | Приоритет | Карактеристика
|
---|
Регистрација и валидизација на корисник | задолжително | Регистрација на нов корисник и внесување на податоци за валидизација на идентитет
|
Најава на корисник | задолжително | Најава на корисник со своето корисничко име и лозинка
|
Ресетирање на заборавена лозинка | задолжително | Корисникот може да ја ресетира својата лозинка, ако ја заборавил
|
Поврзување на својот кориснички профил со својата кредитна картичка | задолжително | Корисникот може да ја ресетира својата лозинка, ако ја заборавил
|
Зачувување на корисникот во база на податоци | задолжително | Корисникот и сите неопходни информации за него ќе бидат зачувани во база на податоци
|
Уплата на пари (од сметката на корисникот до неговиот кориснички профил) | задолжително | Корисникот може да избере колку пари да префрли од својата лична сметка во својот кориснички профил
|
Купување на чипови | задолжително | Корисникот може да ја избере вредноста која сака да ја претвори од пари во чипови
|
Избирање на игра од понудените (Покер, Блекџек, Рулет) | задолжително | На почетниот екран се појавуваат игрите кои корисникот може да ги игра, и тој бира една од нив
|
Регулирање на текот на играта | задолжително | Системот го регулира текот на играта според најновите правила за таа игра
|
Избор на победник на играта | задолжително | Системот го избира победникот на играта според најновите правила за таа игра
|
Исплата на пари (од сметката на сопствениците до личната сметка на корисникот) | задолжително | Корисникот може да побара пари да му бидат исплатени од неговиот кориснички профил на неговата лична сметка
|
Приказ на статистики на добивки | задолжително | Системот прикажува процентуални статистики за добивките на корисникот
|
Достапност на повеќе јазици | нема да се реализира | Системот нема да биде достапен на повеќе јазици
|
Light mode | нема да се реализира | Системот нема да биде достапен во светли бои
|
Чет за допишување | нема да се реализира | Системот нема да има вграден систем за допишување
|
5. Други барања
Барање | Приоритет
|
---|
Корисникот мора да има: мобилен телефон / компјутер / таблет или друг уред што може да пристапи до интернет и до веб прелистувач | задолжително
|
Корисникот мора да има пристап до интернет | задолжително
|
Корисникот треба да има кредитна картичка | препорачливо
|
Корисникот мора да е над 18 години | задолжително
|