wiki:Vision

Version 30 (modified by 201003, 3 years ago) ( diff )

Formatting

Визија

1. Вовед

Во игрите во казино уживаат милиони луѓе ширум светот и тоа сo многу години. Игрите се забавни, полни со изненадувања и полни со добивки и тие се за секој кој се чувствува доволно силно, авантуристично, и има огромна желба да го промени статусот кво во својот живот.

Со Caessino е полесно од кога било досега да се игра, а дури не мора ни да ја напуштате куќата. Caessino е едно од најмодерните виртуелни казина. Ви нуди бескрајна забава, достапна со само неколку клика, разновиден репертоар на игри и многу вредни награди.

2. Позиционирање

2.1. Дефиниција на проблем

Проблемот на непостоење на физички казина на одредени локации, како и неможност на одредени лица да идат физички до казиното
Ги засега сите љубители на игри во казино
Последици од проблемот забава со игри во казино не е достапна во секое време и место
Успешно решение би било онлајн веб апликација која едноставно самиот корисник да ја игра од својот дом, без да оди физички до самото казино

2.2. Позиција на пазарот

За група корисници сите луѓе над 18 години
Коишто сакаат да се забавуваат во казино онлајн
Caessino е најмодерното виртуелно казино претставено преку веб апликацијата
Која овозможува забавување со разновидни игри преку интернтет
За разлика од досегашните виртуелни казина
Нашиот продукт нуди најразновидни игри, најмодерно следење на текот на игрите според најновите правила и најмногу награди

3. Опис на засегнати страни

3.1. Преглед

Име Опис Одговорност
Администратор Админ - корисник со административен пристап Може да дава привилегии на останатите корисници.
Играч Играчи - сите лица кои ги играат игрите во казиното Сите корисници(играчи) ќе имаат привилегии да ги користат игрите во казиното.
Надлежно лице Надлежно лице - Лице кое има привилегии од Администратор за преглед на информациите на играчите Систем во кој ќе прави детален преглед на информациите на играчите со цел да провере дали се валидни и дали можат да го користат казиното.
Развивачи на апликацијата Развивач на апликацијата и лице во случај на технички проблеми Секој проблем кој ќе биде пријавен или bug во однос на апликацијата ќе го решат.

3.2. Корисничка средина

Сите видови на корисници мораат да имаат пристап до интернет и уред којшто содржи веб прелистувач. Апликацијата има едноставен интерфејс така што ќе се одвива регистрација 2-3мин. По направената регистрација корисниците ќе треба да потврдат дека ги исполнуваат условите и дека имаат над 18 години. Пред корисникот да започне со првата игра ќе треба да внесе картичка која е валидна за системот. пр. Master-Card. Корисникот одлучува колку кредити(chips) ќе си купи и кои ќе може да ги употребува при секоја игра.


Апликацијата ќе може да се користи преку повеќе уреди:

  • Мобилен телефон
  • Компјутер
  • Таблет
  • ..и сите останати уреди кои имаат пристап до интернет и веб прелистувач.

4. Преглед на производот

4.1. Потреби и карактеристики

Потреба Приоритет Карактеристика
Регистрација и валидизација на корисник задолжително Регистрација на нов корисник и внесување на податоци за валидизација на идентитет
Најава на корисник задолжително Најава на корисник со своето корисничко име и лозинка
Ресетирање на заборавена лозинка задолжително Корисникот може да ја ресетира својата лозинка, ако ја заборавил
Поврзување на својот кориснички профил со својата кредитна картичка задолжително Корисникот може да ја ресетира својата лозинка, ако ја заборавил
Зачувување на корисникот во база на податоци задолжително Корисникот и сите неопходни информации за него ќе бидат зачувани во база на податоци
Уплата на пари (од сметката на корисникот до неговиот кориснички профил) задолжително Корисникот може да избере колку пари да префрли од својата лична сметка во својот кориснички профил
Купување на чипови задолжително Корисникот може да ја избере вредноста која сака да ја претвори од пари во чипови
Избирање на игра од понудените (Покер, Блекџек, Рулет) задолжително На почетниот екран се појавуваат игрите кои корисникот може да ги игра, и тој бира една од нив
Регулирање на текот на играта задолжително Системот го регулира текот на играта според најновите правила за таа игра
Избор на победник на играта задолжително Системот го избира победникот на играта според најновите правила за таа игра
Исплата на пари (од сметката на сопствениците до личната сметка на корисникот) задолжително Корисникот може да побара пари да му бидат исплатени од неговиот кориснички профил на неговата лична сметка
Приказ на статистики на добивки задолжително Системот прикажува процентуални статистики за добивките на корисникот
Достапност на повеќе јазици нема да се реализира Системот нема да биде достапен на повеќе јазици
Light mode нема да се реализира Системот нема да биде достапен во светли бои
Чет за допишување нема да се реализира Системот нема да има вграден систем за допишување

5. Други барања

Барање Приоритет
Корисникот мора да има: мобилен телефон / компјутер / таблет или друг уред што може да пристапи до интернет и до веб прелистувач задолжително
Корисникот мора да има пристап до интернет задолжително
Корисникот треба да има кредитна картичка препорачливо
Корисникот мора да е над 18 години задолжително
Note: See TracWiki for help on using the wiki.