wiki:Vision

Визија на проектот

Вовед

CharitAbleMk e веб апликација која што има за цел да им помогне на сите оние коишто имаат потреба од помош поради здравствени и материјални причини. Ќе служи како апликација преку која корисниците ќе може да објавуваат барања за помош и да донираат на истите.

Проблематика

Проблемот наЛуѓето коишто имаат потреба од материјална помош но немаат начин како да допрат до јавноста.
Ги засегаСите граѓани
Последици од проблемотЛицата коишто имаат потреба од материјална помош не можат да ја добијат на време.
Успешно решение би билоНајитните случаи да ја добијат помошта кога им е потребна

Позиционирање на продуктот

За група кориснициСите
Коиштоим е потребна материјална помош или сакаат да донираат
CharitAbleMkе веб апликација за поставување на барања за донација и донирање на истите.
Кој овозможувапоставување на барања за донација и донирање
За разлика одwww.donacii.mk
CharitAbleMk е подобро решение бидејќи барањата ќе можат да ги поставуваат самите корисници, барањата ќе бидат сортирани по итност, и корисниците ќе можат преку интернет да донираат.

Засегнати страни - Описи

Преглед на сите засегнати

ИмеОписОдговорности
МодераторЌе врши одобрување на барањата за материјална помошОдобрување барања
Корисник-примач на донацииНајава/регистрација на страницата, можност за поставување барања за материјална помош.Да внесе износ на донирани средства
Корисник-донаторможност за донирање, можност за пријавување на објави доколку се сомнева на злоупотреба./

Корисничка околина

Сите видови на корисници мораат да имаат пристап до интернет и уред којшто содржи веб прелистувач, а корисниците од типот донатори исто така мораат и да имаат дебитна картичка преку која може да се врши трансакција онлајн.

Преглед на продуктот

Потреба и карактеристики

ПотребаПриоритетКарактеристики
Регистрација/најава на корисникот-примач на донациизадолжителнорегистрација и најава на корисник
Објава на барање од страна на корисник-примач на донациизадолжителновнесување на податоци за барањето, и поставување на барањето на веб страната.
Донирање од страна на корисник-донаторзадолжителновнесување на податоци за картичка и донирање средства преку истата.
Сортирање на објавите по итностзадолжителнообјавите мораат да бидат сортирани по итноста од помош на корисникот.
Можност за одобрување/бришење на барањата од страна на администраторзадолжителноодобрување или бришење на барања.
Пријавување на објава за злонамернапожелнодобивање на информација доколку објавата е злонамерна.

Други и нефункционални потреби

ПотребаПриоритет
Пристап до интернетЗадолжително
Пристап до веб прелистувачЗадолжително
Дебитна/кредитна картичкаЗадолжително
Барањата да бидат разгледани од страна на администратор во рок од 24 часа по праќањето од страна на корисникотЗадолжително
Last modified 4 years ago Last modified on 04/20/21 18:22:02
Note: See TracWiki for help on using the wiki.