wiki:filipz4

Индивидуална задача 4 - Методски техники и алатки

Во прилог се прикажани неколку алатки кои се базирани најмногу за да подржуваат агилни типови на методологии како Scrum и Extreme Programming.
Бидејќи подсистемот ја користи баш втората методологија, затоа овие алатки се соодветни за имплементација

1. Extreme Planner

ExtremePlanner е едно од решенијата за управување на агилни бизнис процеси кои се ракува и користи само на интернет пребарувач. Ова решение е специфично изградено за да поддржува агилни методи вклучувајќи ги Scrum и XP

ExtremePlanner најмногу се фокусира на планирање и следење на напредокот или прогресот на можности кои имаат вистинска бизнис вредност на клиентите / корисниците

Главните одлики на ExtremePlanner се:

  • Го поддржува цел тим, вклучувајќи ги проект менаџерите, девелоперите, контрола на квалитет, техничка поддршка и сите корисници вклучени во процесот

  • Проценува и планира пуштање верзија на процес со drag-and-drop техника

  • Управува со одликите, дефектите, тест случаевите и тасковите на развој на едно место

  • Има вграден систем за следење на проблеми за да се менаџираат корисничките барање од почеток до крај



  • Ги обезбедува најновите промени со email нотификации и извештаи за активностите во склоп на еден проект

За повеќе информации − http://www.extremeplanner.com/


2. Project Planning and Tracking System

PPTS е една веб околина што поддржува и асистира на тимови кои одбрале да го развиваат својот софтвер според агилните методологија Scrum и/или Extreme Programming.

Некои од функционалностите на PPTS се:

  • Администрација и водење на проектот, итерации и атрибути на ресурсите
  • Останати обврски на продуктот кои можат да бидат приоретизирани
  • Структура на работната анализа
  • Потребни метрики во склоп на проектот (брзина на работа и проценет труд на работа)
  • Графикон на прогрес
  • Календари
  • Алокација на ресурси
  • Пристап на информации базирани на улогата (админ или корисник) или улога во проект (лидерот на проектот, девелопер или клиент)
  • Прилагодување на менија, подменија и јазици (англиски и холандски јазик)

За повеќе информации − http://ses-ppts.sourceforge.net/


3. Plone Extreme Management Tool

Plone Extreme Management алатката овозможува администрација на проекти која ја поддржуваат методологијата на Extreme Programming.

Plone Extreme Management алатката нуди:

  • Проект - Менаџерите на проектот можат да додаваат повеќе проекти. За секој проект, итерациите и сториите можат да бидат додавани и од клиентите и од вработените
  • Итерација - Проектот ќе биде планиран со итерации. Итерација е период од 1 (една) до 3 (три) недели каде што одреден број на стории ќе бидат имплементирани
  • Понуда - Во понудата се содржат сториите кои клиентот сака да ги има во овој проект. Тоа претставува начин за да се соберат желбите на клиентот на едно место и да се направи првична проценка и индикација за големината и размерот на проектот.
  • Сторија - Клиентот може да дефинира нови можности со опишување на истите во една сторија
  • Таск/задача - Вработените можат да направат проценка на сторијата со дефинирање на тасковите
  • Букирање/закажување/резервирање - Додека вработените работат на тасковите/задачите тие можат да водат евиденција за времето и лесно да го букираат на крај на ден
Last modified 5 years ago Last modified on 03/02/20 23:56:46

Attachments (6)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.