wiki:WikiStart

Events Management System - AMCV

Краток опис

Нашиот тим ќе работи на развој и имплементација на систем за управување со настани (Events Management System), дизајниран да одговори на потребите на современата индустрија за забава. Главниот фокус на проектот е креирање на робусна релациона база на податоци која ќе служи како централно складиште за сите клучни информации поврзани со концерти и театарски претстави. Системот ќе овозможи прецизна евиденција на податоци за самите настани, вклучените изведувачи, организаторите, како и детални информации за локациите на одржување, нивната поделба по сектори и седишта, и нивната достапност.

Примарната цел е да се создаде платформа каде регистрираните корисници (хиерархиски поделени на обични корисници и администратори) ќе можат ефикасно да пребаруваат настани преку различни критериуми. Покрај основното филтрирање, базата ќе поддржува процеси за купување билети во зависност од различни временски периоди за попусти (Early Bird, Standard, Last Minute), управување со седиштата заштитено со тригери против дупло букирање, како и евиденција на нарачки и рефундации. Дополнително, системот вклучува социјален елемент преку можноста за оставање оценки и текстуални коментари од страна на посетителите за веќе одржаните настани, со капацитет за скалирање од над 1 милион записи, обезбедувајќи интегритет преку автоматска проверка на историјата на купувања за секој корисник што остава коментар. Ова ќе овозможи генерирање на вредни статистички податоци и анализи за организаторите и спонзорите. Со ова решение, целиме кон автоматизација и централизација на сите процеси поврзани со менаџирањето на настаните.

Членови

  • Александар Макревски 231027
  • Славица Василевска 231037

Курс

Напредни бази на податоци-2025/2026/Летен

Под менторство на: Проф. Д-р Вангел В. Ајановски, и Асистент Ненад Анчев

Содржина

Фаза Линк Статус Датум
Ф0 За проектот Завршено 21-04-2026
Ф1 Релационен модел Завршено 21-04-2026
Ф2 Креирање на базата на податоци Завршено 09-05-2026
Ф3 Оптимизација на прашалници Завршено 09-05-2026
Ф4 Програмирање на базата на податоци Завршено 14-05-2026
Last modified 4 days ago Last modified on 07/01/26 22:56:39

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.