Opened 3 years ago

Closed 3 years ago

#3 closed enhancement (worksforme)

Повеќе нејаснотии за договарањето за настава наставник-ученик

Reported-by: vangel.ajanovski Owned by: somebody
Priority: major Milestone:
Component: ERModel Version:
Keywords: Cc:

Description

Кога разговаравме објаснувавте дека треба да има договарање меѓу наставник и ученик за распоред и теми на часови.

Единствена врска меѓу ученик и наставник е преку распоред, но во моментот на пројавување интерес распоредот уште не постои. Па се отвора дилемата кога тоа договарање ќе се случи и дали нешто од тоа ќе се евидентира во базата. Дополнително ученикот искажува интерес за предмет, но предметот може да го држат повеќе наставници и не се знае со кој наставник треба да се договара.

Еве да речеме дека си избрал ученикот некој наставник. Како ќе знаеме кој наставник го избрал?

Потоа како следи процесот - дали е идејата да се договараат усно, по телефон, па потоа наставникот да направи распоред или поинаку или обратно?

Ако да тогаш е јасно, ќе зборуваат и ќе се договарат усно, па откако ќе се договорат усно, наставникот ќе влезе во системот и ќе креира распоред и ќе го поврзе ученикот со часовите во креираниот распоредот. Но зборувате во воведот за доминантно онлајн работење, а тоа баш не е во духот на онлајн работење. Ако наставникот има 50 ученици, многу лесно може да ги измеша.

Ако не се договараат усно, тогаш не е јасно како преку системот ќе се договорат. Нема каде да се регистрира дека имало такво комуницирање и да се запише што се договориле, па потоа да се креира распоред според договореното.

Ако е идејата обратна, сите наставници да си направат свои распореди, па ученикот да си избере часови, тогаш како ќе знаат наставниците за кои теми има ученици што имаат интерес за воопшто да прават распоред, кога единствено што знаеме дека ученикот е заинтересиран за предмет. Пак ќе треба усна комуникација да се дообјаснат. Повторно не е во духот на предоминантно онлајн работење. Некаде мора да се наведат повеќе детали што ученикот сака за да може да се договори и предложи - освен ако не се договараат усно, со што се враќаме на претходните дискусии.

Ова треба да се дообјасни и во документацијата и да се подобри моделот.

Change History (2)

comment:1 by 193041, 3 years ago

Направена промена во описот на Ф0, реченицата во која пишуваше за онлајн настава е отстранета.

comment:2 by vangel.ajanovski, 3 years ago

Resolution: worksforme
Status: newclosed

Во, по дополнителна дискусија на консултации сфатив дека ова прашање е поради делумно недоразбирање.

Note: See TracTickets for help on using tickets.