Opened 2 years ago

Closed 2 years ago

#5 closed defect (fixed)

Ревизии на Ф6 - реорганизација и дополнување на документација

Reported-by: vangel.ajanovski Owned by:
Priority: major Milestone:
Component: Normalization Version:
Keywords: Cc:

Description

Каноничната покривка не е читлива, па не може да се прегледа целата фаза во овој момент.

Има зависности кои се нотирани како да се транзитивни, но не е јасно дали навистина така сте ги сметале поради сепараторот запирка кој сте го користеле. Реорганизирајте да бидат сите зависности во одделни редови за да може да биде јасно што точно важи, а што не.

Во насловот Нормална форма дискутирате за кандидат клуч кој во тој момент не е познат, па не може ни да се дискутира. Треба да се пререди тој дел по пресметката на клуч.

Во делот за декомпозиција, не е документирано како е работено постапно, чекор по чекор.

Не е јасно кој е финалниот резултат односно кои се резултантните релации. На крај е препорачливо и да ги именувате резултантните релации со имиња кои имаат некакво значење, наместо генерички имиња. За референца, чекорите во постапката треба да се формално поткрепени со следните елементи кои се очекува да ги имате изработено:

  • која релација би ја декомпонирале (само во првиот чекор се тргнува од почетната, па може да се претпоставува, потоа е друга и мора да биде експлицитно наведена, бидејќи важат и други услови)
  • кој е клучот во релацијата која би ја декомпонирале (само во првиот чекор е почетниот, потоа е можеби друг, и важат други услови)
  • која е зависноста што прави проблем и заради која декомпонирате (само во првиот чекор важи почетната ситуација, потоа е поинаку)
  • кои релации се добиени по декомпонирањето
  • кои зависности важат по декомпонирањет табели
  • проверка дали се зачувани сите зависности или гаранција дека е така
  • проверка дали се зачувуваат сите податоци по декомпозицијата односно дека може да настане спојување без загуба или гаранција дека е така

Change History (2)

comment:1 by vangel.ajanovski, 2 years ago

Component: AdvancedReportsNormalization

comment:2 by vangel.ajanovski, 2 years ago

Resolution: fixed
Status: newclosed

ОК

Note: See TracTickets for help on using tickets.