wiki:About

Eventrra

Членови на тимот

  • Нео Стојкоски 201134
  • Јана Чоловиќ 201098

Краток опис

Еventrra e online веб апликација која им нуди можност на своите корисници едноставно и брзо да закажат, организираат и реализираат различни типови на настани. Корисникот преку најава на системот добива пристап до повеќе полиња каде може да одбере тип на настанот што го закажува (пр. свадба, венчавка, роденден, матура...), локација по негова желба која ќе одговара на тематиката на настанот, бенд, фотограф како и кетеринг фирма која ќе ги нуди своите услуги на истиот тој настан. За да се најави корисникот на системот, потребно ќе е да креира негов профил каде ќе внесе уникатно корисничко име, лозинка, а системот ќе му го додаде датумот кога бил креиран и ќе води сметка за бројот на настани кој корисникот ги организирал преку апликацијата. Како дополнително ниво на сигурност на системот, истиот води евиденција и за сите вработени кои ќе се дел од тој настан. Целиот овој систем е воден од страна на админстратори кои имаат свој профил на апликацијата.

Детален опис

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис – дали е тоа фирма/институција/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Eventrra е организација која со помош на нивната веб апликацијата ќе ги групира сите желби и барања на корисникот во еден документ со што ќе се олесни работата на клиентот, но и на вработените во организацијата. Клиентите потребно е само да се најават на апликацијата и да пополнат тикет со сите нивни барања, а вработениот го добива тој тикет во готов формат каде што му преостанува само да ги контактира сите засегнати страни со цел организирање на настанот. Откако ќе заврши процесот на комуникација помеѓу вработениот и засегнатите страни, вработениот го контактира клиентот преку апликацијата и го извстува за прогресот. Апликацијата претставува еден вид на посредник помеѓу клиентите и сите засегнати страни (кетеринг, локација, бенд...).

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате? На сите клиенти кои ја користат оваа апликација им се нуди привилегијата на брзо и ефикасно организирање на настанот што го замислиле. Со оглед на брзото темпо на живот и обврските присутни во секојдневнието, луѓето преку оваа апликација го намалуваат потребното време за организирање на настанот. Се што треба е да се најават на системот и да пополнат тикет, а потоа системот го организира натанот за нив.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата – во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Како корисници на системот се јавуваат клиентите, келнерите, фотографот и администраторот на системот. Соодветно секој од нив си има свое значење во имплементацијата. Клиентот е корисник на сите услуги што ги нуди апликацијата, а самите услуги, текот на резервацијата и системот како целина се управувани од страна на администраторот. Дополнително има и профили за сите келнери и фотографи кои биле дел од настанот, со цел да се евидентира нивната работа и присуство во случај на незгода.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект.

Во светот постојат неколку слични апликации, но кога станува збор за нашата држава, Eventrra е првата апликација од ваков тип. Оваа апликација се разликува од останатите со тоа што нуди поголема интерактивност кон клиентите како и целосна контрола врз планирањето на тоа како ќе се одвива настанот (нема потреба од телефонски повици или пак меил пораки).

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација, достапа преку сите веб пребарувачи

Last modified 2 years ago Last modified on 11/24/22 01:28:32
Note: See TracWiki for help on using the wiki.