FMO
Членови на тимот :
Христијан Митиќ 201130
Краток опис на проектот:
Проектот ќе има за цел изработка на веб апликација на која ќе може корисниците да нарачуваат прехранбени продукти се со цел да се замени класичното одење во маркет. На веб страната ќе има секаков вид на прехранбени продукти со нивен опис и слика, сортирани по категории од кои корисниците ќе може да избираат, да одредуваат количина, да ги ставаат продуктите во кошничка и соодветно да си ги нарачаат на крај.Исто така ќе има дел каде ќе бидат ставени артиклите кои се на акција или со поголем попуст. По пополнување на кошничката корисникот се упатува кон страната за процесирање на нарачката. Доколку купуваат по прв пат ќе биде побарано од нив да се рекгистрираат како корисник во спротивно се најавуваат и ја финализираат нарачката. Пред да ја завршат нарачката наведуваат адреса каде да бидат доставени продуктите или пак одбираат самите да си ги подигнат и додаваат некој коментар доколку имаат таков. Кога ќе се испроцесира нарачката вработените ги пакуваат продуктите и соодветно се доставуваат до потрошувачите. При достава купувачите плаќаат со кеш или кредитна картичка по нивен избор.
Детален опис на проектот:
•За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби.
Проектот ќе биде наменет за голем супер маркет која со овој проект сака да го олесни купувањето намриници на неговите потрошувачи. Тие сметаат дека онлајн маркетот ќе го олесни пазарењето на тој начин што луѓето ќе си го скратат времето потрошено на пазарење и тоа ќе ги чини корисниците минимално повеќе. Воедно секој може да си изврши нарачка и самиот да си ја подигне со што би го заштедил трошокот што би го платил за достава на нарачката. Одговорен за базата на податоци ќе биде админот.
•Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
Проблеми кои фирмата може да си ги реши со овој проект се: намалување на гужвите при купување поради обемно пазарење на одредени потрошувачи, намалување на кражбиге поради зголемен број на потрошувачи кои купуваат онлајн, намален број на вработени во маркетите поради зголемено онлајн пазарење, намален број на оштетена роба од потрошувачите и овозможување на пазарење 24 часа секој ден.
•Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Нарачките во маркетите ќе треба да бидат пакувани од вработените во соодветните магацини и да бидат проследувани на соодветните возачи кои ќе ги доставуваат нарачките. Клиените воглавно ќе бидат луѓе кои пазаруваат обемно, кои сакаат да заштедат на време, кои се чувствуваат непријатно да купуваат во маркетите, кои се мрзеливи да одат да купуваат и кои не се во можност да одат да пазарат самите за себе.
•Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект.
Вакви други слични проекти во светот има но во Македонија уште не е присутно вакво нешто. Во Македонија има фирми за нарачка на храна но тие најчесто доставуваат храна од ресторани, сендвичари и сл. За достава на прехранбени продукти на големо се уште нема никакво решение.
•Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Апликацијата што ќе ја изработувам е веб апликација.