wiki:about

Членови на тимот

Христијан Мијовски 171240
Теодор Младенов 171261

Краток опис

Car Rental компанија која ќе служи за автоматизирање на процесот на изнајмување автомобил. Апликацијата ќе содржи интуитивен пристап за еден корисник на брз начин да може да дојде до автомобил за сопствените потреби. Ќе постојат возила од повеќе категории, па затоа ќе ни треба и ентитет за категории. Исто така ќе постои и табела која ќе ја чува историјата на изнајмени автомобили од еден корисник. Ќе се чува статусот на возилото(дали е моментално изнајмено или е достапно за изнајмување). Ќе постојат повеќе типови на улоги кои што ќе имаат различни пермисси на апликацијата(admin, user, moderator). Секоја од овие ќе има различни задачи за бришење, додавање на нови достапни возила, менаџирање на апликацијата и корисниците. Ентитетите ќе се состојат од Vehicles, Vehicle Types, Customers, Bookings, Payments, Employees, Managers, Shifts. Овие ентитети се подложни на промени за понатамошна скалабилност на апликацијата. Секоја табела ќе се состои од примарен клуч кој ќе биде единствен и уникатен.

Детален опис на проектот

За кого е наменета базата на податоци и проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ги обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби

Апликацијата за изнајмување на возила и соодветната база на податоци ќе бидат разработени за компанија која сака да ги подобри и автоматизира своите операции. Компанијата треба да ги користи овие податоци за управување со вработени, клиенти, возила, плаќања и резервации. Оваа апликација и база на податоци и овозможува на компанијата ефикасно да следи и управува со сите аспекти на нивните дневни задачи, вклучувајќи ги и податоците за возилата, корисниците и финансиските трансакции. Одговорноста за нивното управување и одржување како сервис лежи во рацете на нашиот тим. Овој тим има за цел да го обезбеди функционирањето на апликацијата, да врши ажурирања и да осигура безбедност на податоците. Со помош на оваа апликација, компанијата може ефикасно да следи резервации, управува со возилата и да претставува брза и ефикасна услуга за своите клиенти.

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате со вашата изработка?

Изработката на нашата апликација за изнајмување на возила и соодветната база на податоци ќе решава повеќе предизвици во компанијата. Првично, апликацијата ќе помогне во автоматизацијата на процесите поврзани со управување на резервации, следење на состојбата на возилата и управување со финансиските трансакции. Ова ќе го намали времето потрошено на административните задачи, што ќе доведе до поголема ефикасност и точност во работата на компанијата. Исто така, апликацијата ќе им овозможи на управителите и тимот за поддршка брз преглед на сите аспекти на бизнисот, што ќе помогне во донесувањето на подобри стратегии и одлуки.

Какви видови корисници ќе имаат пристап до базата и проектот - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Различни типови корисници ќе имаат пристап до базата на податоци и проектот. Внатрешните корисници вклучуваат вработени во компанијата, како администратори, менаџери, вработени за обработка на резервации и тимови за корисничка поддршка. Овие корисници ќе имаат пристап до информации за резервации, клиентски податоци, состојба на возила и финансии. Надворешни корисници се клиентите кои ќе имаат пристап до делот за онлајн резервации, преглед на достапни возила и следење на сопствените букирања. Системот ќе им обезбеди лесен и брз начин на интеракција со компанијата.

Ако има други слични идеи во истата фирма или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог?

Нашата цел при изработката на апликацијата за изнајмување на возила е да создадеме интерактивно и лесно корисничко искуство. Дополнително, имаме во план нашата апликација да обезбедува услуга за достава и прием на возила од домот на клиентот, како и интерактивна мапа која ќе ја покажува локацијата на возилото при достава.

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

На почеток имаме испланирано веб апликација, со можност за проширување и кон мобилна апликација доколку побарувачката е голема.

Last modified 5 months ago Last modified on 12/20/23 23:07:09
Note: See TracWiki for help on using the wiki.