wiki:WikiStart

Finki Forums

Краток опис

Проектот Finki Forums се развива со цел да биде централизирано место каде студентите ќе може да поставуваат прашања, споделуваат мислења и сугестии во врска со факултетот, а професорите и студентите ќе имаат можност да им помагаат на колегите. Прашањата може да бидат поврзани со било кој аспект од факултетот, без разлика дали тоа се прашања околу предмети, полагања, проекти… Корисникот администратор ги додава категориите, предметите и нивните курсеви во база. Секој предмет има повеќе курсеви. За секој курс посебно ќе има форум со прашања како и дел за поставени материјали. Најавен корисник, студент, може да поставува прашања, да дава одговори и да има пристап до материјали. Корисник, професор, има можност да одговара на прашањата на студентите, како и да споделува материјали со нив. Студентите и професорите можат да гласаат на одговорите, а оној кој го поставил прашањето може да валидира некој одговор доколку се покажал валиден. Корисникот доделува категории со цел полесно да се лоцираат и филтрираат прашањата и материјалите од конкретна област од одреден предмет. Со помош на оваа апликација сите студенти, особено бруцошите, побрзо ќе можат да добијат одговор, да ги разрешат дилемите и да се справат со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат на факултет.

Членови на тимот

Лина Накова 201050 - коордиратор
Ангел Насев 201051

Предмет

Бази на податоци во 2022/2023/Зимски

Под менторство на:

вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстр. м-р Ненад Анчев

Содржина:

Фаза Име на фаза Статус
Ф0 Дефинирање на проектот одобрено
Ф1 Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања одобрено
Ф2 Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) одобрено
Ф3 Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи одобрено
Ф4 Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) одобрено
Ф5 Прототип апликација - Основни функционалности одобрено
Ф6 Нормализација и подобрувања на дизајнот не е започнато
Ф7 Напреден апликативен развој не е започнато
Last modified 17 months ago Last modified on 03/05/23 12:53:58

Attachments (1)

Download all attachments as: .zip

Note: See TracWiki for help on using the wiki.