Finki Forums
Членови на тимот
Лина Накова 201050 - коордиратор
Ангел Насев 201051
Краток опис
Проектот Finki Forums се развива со цел да биде централизирано место каде студентите ќе може да поставуваат прашања, споделуваат мислења и сугестии во врска со факултетот, а професорите и студентите ќе имаат можност да им помагаат на колегите. Прашањата може да бидат поврзани со било кој аспект од факултетот, без разлика дали тоа се прашања околу предмети, полагања, проекти… Корисникот администратор ги додава категориите, предметите и нивните курсеви во база. Секој предмет има повеќе курсеви. За секој курс посебно ќе има форум со прашања како и дел за поставени материјали. Најавен корисник, студент, може да поставува прашања, да дава одговори и да има пристап до материјали. Корисник, професор, има можност да одговара на прашањата на студентите, како и да споделува материјали со нив. Студентите и професорите можат да гласаат на одговорите, а оној кој го поставил прашањето може да валидира некој одговор доколку се покажал валиден. Корисникот доделува категории со цел полесно да се лоцираат и филтрираат прашањата и материјалите од конкретна област од одреден предмет. Со помош на оваа апликација сите студенти, особено бруцошите, побрзо ќе можат да добијат одговор, да ги разрешат дилемите и да се справат со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат на факултет.
Детален опис
За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби
Проектот е наменет за студентите и професорите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ). Апликацијата како и базата на податоци ќе биде во сопственост на ФИНКИ ќе ги користи ресурсите кои факултетот ги има на располагање. Истата ќе биде одржувана од страна на администратор кој ќе биде посочен од страна на деканатот на ФИНКИ. Корисникот администратор е оној кој е одговорен за додавање на категориите, предметите и нивните курсеви во база.
Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?
За време на студиите сите студенти имаат огромен број на неодговорени прашања и неразрешени дилеми, па Finki Forums се развива со цел да биде централизирано место каде студентите ќе може да поставуваат прашања, споделуваат мислења и сугестии во врска со факултетот. Со помош на оваа апликација сите студенти, особено оние од прва година, побрзо ќе можат да добијат одговор, да ги разрешат дилемите и да се справат со проблемите и предизвиците со кои се соочуваат на факултет. Дополнително, апликацијата ќе им допринесе и на професорите, асистентите и студентската служба со тоа што нема да бидат преплавени со огромен број прашања во своите електронски пошти бидејќи некој од студентите со поголемо искуство ќе може да им помогне и да ги упати оние со помало.
Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Корисниците на оваа апликација се студенти, професори и администратор.
Студентите и професорите кои ќе имаат можност да помагаат на колегите на кои им е потребна помош преку одговори. Сите корисници се карактеризираат со име, презиме, корисничко име, лозинка и е-пошта. Корисник студент дополнително се карактеризира и со неговиот индекс, а професор со термини за консултации. Најавен корисник, студент, може да поставува прашања, да дава одговори и да има пристап до материјали. Корисник ,професор, има можност да одговара на прашањата на студентите, како и да споделува материјали со нив. Студентите и професорите можат да гласаат на одговорите, а оној кој го поставил прашањето може да валидира некој одговор доколку го се покажал валиден.
Корисникот администратор е оној кој е одговорен за додавање на категориите, предметите и нивните курсеви во база.
Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект
Причината поради која оваа апликација се разликува од останатите форуми е тоа што е наменета конкретно за студентите и професорите на ФИНКИ и со тоа директно се добиваат попрецизни одговори од луѓе кои имаат повеќе информации и искуство. Студентите може да поставуваат прашања кои се поврзани со било кој аспект од факултетот, без разлика дали тоа се прашања околу предмети, проекти, материјали, проблеми со кодови, локација на простории во кои ќе се изведува наставата, консултации… За секое прашање се чува наслов, содржина на прашањето како и датум на кој е поставено, а за секој одговор содржина, датум и дали е валиден. Покрај тоа што студентите поставуваат прашања, професорите може да поставуваат и материјали на секој курс кои тие сметаат дека би им биле корисни на студентите. Со цел полесно да се лоцираат, пребаруваат и филтрираат прашањата и материјалите од конкретна област, студентите/професорите при поставување на прашање/материјал додаваат ознаки за категории кои смета дека најдобро го опишуваат прашањето. Една категорија се состои од име и опис.
Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Станува збор за веб апликација