wiki:Ф0

Fitness Goal

Членови на тимот

Тамара Ацковска 153135

Краток опис на проектот

Како правилно да тренираме,да се исхрануваме и кои суплементи да ги користиме за постигнување на резултатите се прашања кои често се поставуваат професионални спортисти,аматери,и луѓе кои се грижат за своето здравје и форма.Mногу луѓе размислуваат за како да ослабат или да изградат мускулна маса,за тоа е потребно соодветен нутриционистички план,тренинг програма и соодветни суплементи.Тешко е да се разбере како правилно да се организира процесот на исхрана, така што сите оброци и тренинг програма се избалансирани и погодни за индивидуална личност. Згора на тоа, во денешно време луѓето ретко имаат време добро да размислат за нивното мени .Оваа апликација нуди персонализирани планови за исхрана тренинг,и суплементи кои би ги дале резултатите кои ги посакуваат луѓето

Детален опис на проектот

За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби:

Апликацијата е наменета за сите оние кои имаат потреба од соодветен тренинг план за градење на мускулна маса или слабеење,како и план за исхрана за постигнување на целта,дополнително и оние кои сакаат да купат суплементи за да им помогнат да ги остварат своите фитнес цели. Со базата на податоци ќе управува компанија која ќе ја користи апликацијата,таа ќе го управува системот што е задолжен за додавање, бришење, ажурирање на понудите и цените на соодветните суплементи како и соодветните планови (за исхрана,тренинг)

Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Апликацијата им помага на корисниците со цел да се овозможи постигнување на целта на самите корисници,здрав начин на исхрана(во зависнот од целта дали е градење мускулна маса,слабеење),правилен тренинг во зависност од целта која е посакувана(слабеење,подобрување на форма),и користење на соодветни суплементи за да може да се дојде со посакуваните резултати.

Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

професионални спортисти,аматери,и луѓе кои се грижат за своето здравје и форма

Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?
Оваа апликација овозможува брз и едноставен пристап и сето тоа е организирано на едно место

Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација

Last modified 5 months ago Last modified on 12/14/23 14:50:08
Note: See TracWiki for help on using the wiki.