Инструкции за стартување на апликацијата
- Најпрво за да може да ја стартувате апликацијата ќе ви биде потребно да имате инсталирано Java.
- Потоа апликацијата може да се отвори со било кое IDE,меѓутоа се препорачува IntelliJ IDEA бидејќи автоматски ќе ги инсталира сите потребни зависности кои што и се потребни на апликацијата за да функционира како што се :
- Spring Boot
- PostgreSQL Driver
- Maven Dependencies кои се вклучени во проектот и потребни за негово извршување
- Како трет чекор треба да ја стартувате скриптата која ќе стартува тунел конекција со серверот на кој што е поставен клиентот за комуникација со базата на податоци која што е искористена во оваа апликација.Скриптата ќе биде исто така прикачена во делот на прикачени фајлови.
- После успешната конекција со базата како последен чекор треба да ја стартувате апликацијата со кликнување на опцијата Run или Debug.
- Откако апликацијата успешно ќе се стартува, истата ќе биде достапна на адресата http://localhost:9090/login во вашиот веб прелистувач, каде што ќе ви биде прикажана страната за логирање на апликацијата.
Last modified
9 months ago
Last modified on 02/11/24 16:06:09
Note:
See TracWiki
for help on using the wiki.