wiki:About

Food Delivery System

Членови на тимот

  • Миле Пеливанов 201057
  • Јован Манчев 201045
  • Ивана Трпеска 201090

Краток опис на проектот

Веб апликација која овозможува онлајн нарачки на храна. Целта на апликацијата е да им овозможи на местата кои нудат јадење полесно да се поврзат со своите потрошувачи, а исто така и потрошувачите да можат лесно да видат што се би можеле да нарачат и по која цена.

Во апликацијата корисниците можат да се регистрираат како потрошувачи, односно корисници кои ќе ја користат апликацијата за да нарачуваат храна, корисници кои работат во место кое нуди продажба на храна и доставувачи на храна.

Апликацијата би била намената за најразлични места кои нудат храна од ресторани, седнвичари, слаткарници па дури истата би можеле да ја користат и продавници кои нудат само пијалоци.

Детален опис на проектот

Денес секој би сакал при порачувањето на храна да го добие нарачаното до дома, да може лесно да разгледа што се се нуди во градот во кој живее и оддалеченоста од домот до објектот да не претставуваат проблем.

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Проектот би бил наменет за фирма која би соработувала со најразлични места во кои се нуди храна, каде истите би можеле да се рекламираат и да продаваат преку апликацијата, без да се грижат за доставувањето на истата. Фирмата би имала доставувачи на храна кои ќе ја доставуваат храната од нарачаното место до локацијата на потрошувачот. Во главно сите места кои продаваат храна имаат потреба за полесно поврзување со своите потрошувачи, па фирмата која ќе ја поседува апликацијата им го нуди тоа решение.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Местата кои нудат храна би биле потранспаретни кон своите потрошувачи, корисниците лесно ќе може да нарачуваат, а фирмата би заработувала од доставата на истата, која се доплаќа со секоја нарачка, како и од местата кои нудат храна, кои би плаќале одреден придонес за користењето на апликацијата.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Превидени се во апликацијата да има четири видови на корисници. Најрпво тоа би биле потрошувачите кои имаат пристап до менијата на сите места за јадење кои ја користат апликацијата. Второ би биле рестораните, сендвичарите и слично, кои би можеле да го уредуваат своето мени преку бришење, додавање и менување на своето мени, како и одредување на статусот, во зависност од тоа дали се затворени или отворени или пак дали имаат премногу работа и навестуваат дека за испорака би се чекало подолго. Трет вид на корисници на апликацијата би биле доставувачите, кои можат да прифатат порачка од одреден објект, и со прифаќањето ја добиваат адресата на потрошувачот кој порачал, како и вкупниот износ кој треба да го наплатат од потрошувачот. И за крај би имало и администратори, кои ја одржуваат апликацијата и базата, а исто така и можат да додаваат нови објекти кои нудат храна, како и да ги регистрираат нови доставувачи кои ја доставуваат истата.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект

Ваков вид на апликација моментално постои само во Скопје, па идејата ја гледаме како интересна да може да се реализира и во друг град, бидејќи веруваме дека и таму луѓето би ја користеле истата во голем број.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација.

Last modified 2 years ago Last modified on 12/06/22 20:34:45
Note: See TracWiki for help on using the wiki.