wiki:About

FreeParkingSpace

Членови на тимот

  • Златко Стојановски 193288
  • Мајкл Танчин 193187

Краток опис на проектот

Платформата FreeParkingSpace ќе го реши проблемот за залудно потрошеното време на поединецот во пронаоѓање на паркинг место низ густо населениот главен град. Главната карактеристика на оваа платформа е дека точно покажува на секој паркинг во кој реон има слободно место.

Корисниците во системот може да се регистрираат така што потребно е да внесат свое корисничко име, име и презиме,телефонски број, e-mail, ЕМБГ и лозинка.За секој корисник откако ќе регистрира акаунт, ќе се чува одредено ID и сите податоци кои се добиваат со самата најава.

Корисникот откако ќе стане дел од оваа платформа ќе може во секој момент да добива детален извештај за слободни пакринг места во одреден реон и може да зафати точно едно место и на колкав временски период.
За секоја локација( име на паркинг) ќе се чува id_ime и lokacija, потоа таа локација содржи зона која во себе чува id_zona и broj na p.mesta.


Детален опис на проектот

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Правата на оваа апликација ќе ги имаат државните и приватните паркинзи. За базата на податоците ќе биде одговорно соодветно лице, односно администратор кој ке биде одговорен за подршка и нејзино одржување и изменување.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Како што знаеме најважната работа кога една фирма ја пушта во употреба една апликација е тоа корисникот да не наиде на никаков проблем од техничка аспект. Ќе им овозможиме на нашите корисници, брз и лесен пристап до нашата апликација без никакви проблеми. Исто така на одреден период ќе се менува дизајнот на апликацијата, ќе додаваме нови функционалности и ќе работиме на тоа нашата апликација да ја доведеме до ниво да биде распространета низ целата наша држава, но и во странство. Доколку некој паркинг не е впишан во систем, администраторот има улога да го направи тоа и соодветно за нова локација на паркингот ќе се чува id_ime и lokacija, потоа таа локација содржи зона која во себе чува id_zona и broj na p.mesta како изведен атрибут, секое паркинг место ќе содржи атрибут кој е бројот на тоа паркинг место. Доколку некој од корисниците резервира одредено паркинг место, но се паркира на друго место, ќе биде соодветно казнет. Секоја казна во себе содржи id_kazna, iznos, broj_kazni кој што ќе содржи колкав е бројот на пишани казни.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

    Апликацијата ќе ги има следните корисници:

    • Администратор - Лице задолжено за одржавање на системот, исто така и негово унапредување и одговорен за техничка подршка доколку настане некаков проблем од технички аспект.

    • Канцелар - Лице одговорно за споредба на извештаите од контролерот и информациите кои што се зачувани во системот. Негова главна задача е да врши увид дали корисникот на паркингот го има соодветно зафатено резервираното паркинг место и има платено за истото, односно дали тоа контролерот што го заведува на терен се совпаѓа со тоа што стои во системот.

    • Контролор на паркинг - Физичко лице кој што ќе биде одговорен за регулирање на зафатените паркинг места, односно да проверува дали секој од клиентите соодветно се паркирал на резервираното паркинг место од апликацаијата. Откако ќе го провери паркингот за кој е надлежен, задолжително е да го приложи извештајот до лицето одговорно за споредба на извештаите од контролерот и информациите кои што се зачувани во системот. односно дали корисникот на паркингот го има соодветно зафатено резервираното паркинг место и дали направил трансакција за истото.

    • Учесниците во сообраќајот - Корисници на апликацијата, лица кои имаат дозвола за управување со секаков вид на моторолно возило. Со своето креирање на акаунтот тие ќе бидат дел од нашата апликација. Во секој момент можат да проверат на апликацијата во кој паркинг колку слободни места има и ќе може да зафатат едно од тие места на одреден период. Откако ќе го паркираат своето возило, приморани се да платат во истиот момент за периодот кој што го резервирале тоа место. Податоците од мобилното плаќање или доколку одберат да користат банкарски метод на плаќање ќе останат зачувани и прикриени во целост.

      По најавата или корисник или вработен ќе ги наследи следниве атрибути: ime i prezime, korisnicko_ime, e-mail, password, br.telefon, EMBG. Има 3 вида на вработени: администратор кој во себе ќе чува атрибут id_administrator, канцелар кој во себе ќе содржи id_kancelar и контролер кој во себе ќе содржи id_kontroler. Исто така главните корисници на оваа апликација во себе ќе содржат атрибут id_korisnik.
  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?

Најпрво, според тоа што пребарувавме и истражувавме поготово во нашата држава не постои сличен проект. Со реализирањето на ваквиот тип на проект ние би помогнале на еден начин да го регулираме најголемиот проблем во главниот град. Исто така вметнавме повеќе иновативни фунцкионалности, како што е користењето на банкарскиот метод на плаќање или мобилно плаќање лично врши едно кратка уплата за одреден временски период. Во поразвиените држави има голема можност е да постои ваков проект.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за мобилна апликација.

Last modified 3 years ago Last modified on 12/03/21 14:41:23
Note: See TracWiki for help on using the wiki.