| | 1 | = За проектот |
| | 2 | |
| | 3 | Овој проект претставува регистар за сите спортски активности, настани, и поврзани податоци, со фокус на дизајнирање, моделирање, креирање и одржување на релациона база на податоци за ваков систем. |
| | 4 | |
| | 5 | Системот овозможува да се следат историски и моментални податоци за: |
| | 6 | * Спортови и спортски категории, односно дисциплини |
| | 7 | * Држави и региони на државно и меѓудржавно ниво |
| | 8 | * Национални и интернационални спортски федерации |
| | 9 | * Спортски клубови, национални лиги и нивни сезони |
| | 10 | * Тимови, нивните тренери, спонзори и историја на спонзорирање |
| | 11 | * Спортисти и нивните договори со спортски клубови |
| | 12 | * Тренери и судии, и во кои федерации се членуваат |
| | 13 | * Натпревари и утакмици, на кои локации се одиграни, кои судии суделе, кои играчи играле и резултати |
| | 14 | |
| | 15 | == Дизајн на системот |
| | 16 | |
| | 17 | Системот е дизајниран да е флексибилен и со простор за развој. Овозможува лесно додавање на нови улоги да се следат со наследување од табелата `PERSON`, како и додавање на нови спортови, спортски дисциплини и категории преку табелите `SPORT` и `SPORT_CATEGORY`. Исто така има и флексибилност при создавање нови типови на натпревари со табелата `COMPETITION_TYPE`. |
| | 18 | |
| | 19 | == Бизнис логика |
| | 20 | Покрај складирањето на податоци, IRSON имплементира и бизнис логика во самата база преку погледи, со што обезбедува: |
| | 21 | 1. Транспарентен увид во профитот на тимовите за внесен временски период |
| | 22 | 2. Преглед на тимовите во една сезона и нивните освоени поени |
| | 23 | 3. Регулирање на потпишување нови договори на спортисти |
| | 24 | 4. Строга валидација при записи на нови податоци |