wiki:AboutProject

Version 1 (modified by 231267, 12 days ago) ( diff )

--

За проектот

Овој проект претставува регистар за сите спортски активности, настани, и поврзани податоци, со фокус на дизајнирање, моделирање, креирање и одржување на релациона база на податоци за ваков систем.

Системот овозможува да се следат историски и моментални податоци за:

  • Спортови и спортски категории, односно дисциплини
  • Држави и региони на државно и меѓудржавно ниво
  • Национални и интернационални спортски федерации
  • Спортски клубови, национални лиги и нивни сезони
  • Тимови, нивните тренери, спонзори и историја на спонзорирање
  • Спортисти и нивните договори со спортски клубови
  • Тренери и судии, и во кои федерации се членуваат
  • Натпревари и утакмици, на кои локации се одиграни, кои судии суделе, кои играчи играле и резултати

Дизајн на системот

Системот е дизајниран да е флексибилен и со простор за развој. Овозможува лесно додавање на нови улоги да се следат со наследување од табелата PERSON, како и додавање на нови спортови, спортски дисциплини и категории преку табелите SPORT и SPORT_CATEGORY. Исто така има и флексибилност при создавање нови типови на натпревари со табелата COMPETITION_TYPE.

Бизнис логика

Покрај складирањето на податоци, IRSON имплементира и бизнис логика во самата база преку погледи, со што обезбедува:

  1. Транспарентен увид во профитот на тимовите за внесен временски период
  2. Преглед на тимовите во една сезона и нивните освоени поени
  3. Регулирање на потпишување нови договори на спортисти
  4. Строга валидација при записи на нови податоци
Note: See TracWiki for help on using the wiki.