| Version 2 (modified by , 12 days ago) ( diff ) |
|---|
За проектот
Членови на тим:
- Aлександар Тодороски 231153
- Антонио Трајковски 231156
- Вељко Аџиќ 231267
Краток опис
Овој проект претставува информациски систем и релациона база на податоци за управување со спортски активности, организации и натпревари. Системот овозможува складирање и обработка на податоци за спортови, спортски категории, клубови, тимови, спортисти, тренери, судии, федерации, лиги и натпревари. Покрај тоа, се следат и договори на спортисти, спонзорства, резултати од натпревари и учество на играчи во поединечни дуели.
Проектот е наменет како централизирано решение за следење на спортски екосистем, со акцент на историски податоци и нивна анализа. Базата е дизајнирана да обезбеди интегритет на податоците преку ограничувања и дел од бизнис логиката е имплементирана директно во неа. Врз основа на оваа база може да се изгради веб, мобилни или десктоп апликација за управување, анализа и визуелизација на спортски податоци.
Детален опис
Системот овозможува да се следат историски и тековни податоци за:
- Спортови и спортски категории, односно дисциплини
- Држави и региони на државно и меѓудржавно ниво
- Национални и интернационални спортски федерации
- Спортски клубови, национални лиги и нивни сезони
- Тимови, нивните тренери, спонзори и историја на спонзорирање
- Спортисти и нивните договори со спортски клубови
- Тренери и судии, и во кои федерации се членуваат
- Натпревари и утакмици, на кои локации се одиграни, кои судии суделе, кои играчи играле и резултати
Базата и апликацијата се наменети за користење од страна на спортски организации, како национални федерации, лиги или приватни компании кои управуваат со спортски податоци. Овие организации би биле одговорни за одржување на системот и обезбедување пристап до корисниците. Нивната потреба е централизирано, сигурно и конзистентно управување со голем број поврзани податоци.
Проблеми што се решаваат
Со овој систем се решаваат неколку клучни проблеми:
- Фрагментираност на податоци (различни извори и формати)
- Тешкотии во следење на историски податоци
- Недостаток на централизирана анализа,
- Неконзистентност и грешки при рачно водење евиденција.
Системот обезбедува интегритет на податоците преку ограничувања и автоматизирана валидација.
Типови на корисници
Системот може да се користи од:
- Администратори - кои го одржуваат системот и податоците
- Вработени во федерации и лиги - кои внесуваат и ажурираат податоци
- Менаџери на клубови - следење на тимови, договори и спонзорства
- Аналитичари - преглед и анализа на податоци
- Поширока јавност - читање на податоците во апликација
- Трети партии - пристап до податоците
Слични решенија и разлики
Постојат веќе комерцијални решенија за спортска аналитика и менаџмент, но овој систем се разликува по:
- Силен фокус на релационен модел и интегритет на податоци
- Детално следење на историски промени и настани
- Имплементација на дел од бизнис логиката директно во базата
- Флексибилност за проширување со нови спортови, категории и улоги.
Дизајн на системот
Системот е дизајниран да е флексибилен и со простор за развој. Овозможува лесно додавање на нови улоги да се следат со наследување од табелата PERSON, како и додавање на нови спортови, спортски дисциплини и категории преку табелите SPORT и SPORT_CATEGORY. Исто така има и флексибилност при создавање нови типови на натпревари со табелата COMPETITION_TYPE.
Подетален поглед може да се види на RelationalModel.
Бизнис логика
Покрај складирањето на податоци, IRSON имплементира и бизнис логика во самата база преку погледи, со што обезбедува:
- Транспарентен увид во профитот на тимовите за внесен временски период
- Преглед на тимовите во една сезона и нивните освоени поени
- Регулирање на потпишување нови договори на спортисти
- Строга валидација при записи на нови податоци
