laggerNet
Членови на тимот
Име и презиме | Индекс |
---|---|
Матеј Поповиќ- координатор | 201194 |
Ивона Тапшановска | 201081 |
Краток опис:
Веб платформа која што содржи голем број компјутерски компоненти и му овозможува на корисникот набавување и достава на одбраните производи. За сите производи ќе има достапна секција, каде што ќе има оценка и мислење за производот од останатите корисници, со цел корисникот да размени некое претходно искуство. Воедно ќе може да поставува прашања што го интересираат во врска со производот.
Веб платформата ќе нуди најава со корисничко име и лозинка, со цел на почетната страна да бидат прикажани производите кои што најмногу би го заинтересирале корисникот. Истата на корисниците ќе им биде овозможено сортирање на производите според година на производство, цена, производител и оценката која што е добиена од останатите корисници на оваа.
Ќе има три типа на корисници кои што ќе може да се најават со цел да им биде овозможено различно искуство. Како на пример вработените и доставувачите ќе имаат повеќе дозволи и ќе им бидат достапни повеќе информации за разлика од купувачите.
Целта на оваа апликација е да го олесни процесот на продажба на комјутерски делови на ниво на цела држава со помош на целосна дигитализација.
Детален опис на проектот:
Целта на оваа апликација е да им овозможи на корисниците да пребаруваат компјутерски делови и опрема за компјутери, да видат дали ги има на залиха и имаат можност истите да ги купат без да мора да го напуштат сопствениот дом. За секој производ ќе се чувааат основите информации (име на производот, категорија, количина, оценка и карактеристики). За секоја направена нарачка ќе се чува дата на нарачката, сума и статус (дали е оставена,одобрена,наплатена). Потоа за секоја гаранција ќе се чуваат два датума, датум од и датум до(краен рок на важење)“ како и уникатен клуч бидејќи мора да се разликува од останатите.
- За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/ организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?
Веб апликацијата е наменета за компанија која што главен продукт и се комјутерски компоненти и опрема за комјутери. За компанија која би сакала бизнисот да го спроведува исклучително онлајн и да не троши
ресурси за изнaјмување на простори каде што би ги продавала производите кои што ќе се наоѓаат на самата страна. Базата на податоци треба да биде одржувана од страна на Вработен поставен од компанијата.
Истиот ќе има пермисии за додавање, бришење и ажурирање на производите.
- Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект?
Нашиот проект е различен во однос на останатите на тој начин што не нуди само разгледување на производите како останантите страни за комјутерски делови, туку нуди и достава на производот до посакуваната
реалција. Исто така нудиме и гаранција, односно доколку самиот производ е под гаранција тогаш и гаранцијата е доставена заедно со нарачката. Нудиме можност за целосна дигитализација на некоја продавница, а на тој начин и заштеда на ресурси за простор,струја,и голем број вработени.
- Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?
Оваа апликација ќе има три вида на корисници. Првиот тип на корисници се самите купувачи кои што ќе ги прават нарачките, односно ќе имаат можност за купување, коментирање и давање на оценка за самите
производи. Вториот тип на корисници се вработените кои што ќе имаат можност за внесување на промени во системот, издавање на гаранции и одржување на базата на податоци. Третиот и последен тип на корисници
се доставувачите, кои што при најава ќе можат да ги видат сите направени нарачки со цел да знаат каде и што треба да се однесе.
- Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?
Се работи за веб апликација.