wiki:About

Med Web

Членови на тимот

  • Демет Мемиш 193105
  • Анита Терзиска 183060
  • Екатерина Пишмирова 183020

Краток опис на проектот

Med Web веб платформата служи за закажување на здравствени прегледи во државните болници во Македонија.
Секој корисник на Med Web ќе има увид во достапните термини на докторите/специјалистите за прегледи според упат пополнет од доктор (матичен или специјалист) со ИД за одреден оддел.
Доколку сака да закаже преглед, ќе биде потребно да се регистрира на платформата, а по регистрацијата се добива ID за корисник/пациент. При секоја следна најава, ќе се користи e-mail адресата која првично ја има внесено при самата регистрација.
Според дадениот упат, пациентот може да избере термин кај некој од специјалистите кои работат во соодветниот оддел кој е запишан на упатот, како и болницата во која се наоѓа истиот.

  • За секој корисник/пациент се чува ID, e-mail адреса, телефонски број, име и презиме, ЕМБГ.
  • За секоја болница се чува назив, ID, град во кој се наоѓа и адреса.
  • За секој доктор се чува број на лиценца, оддел/болница во која работи, специјалност (дали е матичен или специјалист).

Детален опис на проектот

Идејата на проектот е да се олесни и забрза закажувањето на термини за прегледи кај доктори-специјалисти низ државата во државните болници, воедно и олеснување на работата на матичните лекари, како и на сите други лекари, со што пациентите ќе можат сами да закажуваат термини преку онлајн платформата Med Web. Истата ќе нуди пребарување на термини кај специјалисти (доктори) во одредени оддели според зададеното ИД на упатот којшто го имаат добиено од своите матични лекари или специјалисти (во зависност од тоа кој доктор го издава упатот). Со помош на оваа платформа ќе се намали непочитувањето на термините бидејки термините ќе бидат избрани од самите пациенти.

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Платформата и базата на податоци ќе биде наменета за Министерство за здравство на нашата држава. Тоа ќе биде одговорно за целиот менаџмент и координација. Министерството треба да ја креира соодветната база на податоци за сите доктори во државата. На нив ќе им бидат доделени привилегии за да можат да ги внесуваат и пополнуваат упатите за пациентите во системот и одредените ИД-а кои ќе бидат потребни за упатите. Дополнитено ќе има опција за пациентите да можат да се логираат на платформата и да имаат привилегии за да бираат и закажуваат термини. Со цел да се избегне “злоупотребување“ на термините, односно да се закаже термин и пациентот никогаш да не се појави, тој ќе треба да плати одредена сума на пари (симболична цена) како гаранција дека ќе го испочитува терминот. Трансакциите направени од страна на пациентите за закажување на термин ќе бидат префрлени на сметката на болницата.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Со брз пристап до термините за преглед кај одреден специјалист кај кој пациентот има потреба да закаже термин, пациентите имаат големо олеснување. За закажувањето на термините ќе им биде од голема помош ИД-то запишано на нивниот упат даден од страна на нивниот матичен или друг лекар, кое ќе им користи за пребарување на специјалисти во одделот во кој е потребно да закажат преглед. Имајќи го во предвид динамичкиот живот во 21-ви век, сѐ почесто е потешко да се најде слободно време за сопствени потреби на човекот, така што со Med Web платформата секој пациент ќе може да си закаже термин кој му одговара од аспект на време, датум и исто така локација. Често пати се соочуваме со проблеми како што се закажани термини во други градови или далеку од нашиот дом, работно место и сл., па со апликацијата ќе се реши овој проблем бидејки пациентот ќе може да си го направи својот избор каде што ќе му одговара. Со цел да се намали непочитувањето на термините, пациентот ќе биде приморан да уплати симболична сума на пари на трансакциската сметка на болницата во која сака да закаже термин, за да може да го потврди истиот. По направениот преглед, сумата на парите ќе се смета или како дел од партиципацијата која и онака треба да ја плати пациентот, или ќе му се вратат средствата, одлуката се носи по избор на пациентот.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Апликацијата ќе има 2 типа на корисници кои ќе може да се најават на системот како посебни корисници. Со можност за најава на вработен односно доктор, кој ќе може после прегледот на пациентот, да внесе соодветни информации, доколку има потреба, за неговиот упат. Упатот ќе биде наменет да го специфицира одделот и болницата во кој пациентот ќе треба да оди, а притоа, за внесениот упат ќе се генерира уникатно ИД наменето за пациентот. Другата можност, а и најважна, е регистрација на корисник односно пациент, кој со дадениот упат, односно ИД, според одделот, ќе може да го избере специјалистот и времето кои му одговараат за закажување на прегледот.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект

Med Web е сличен со Мој Термин, проект во нашата држава. Основната разлика помеѓу нашиот проект и тој на Мој Термин е дека нашето решение ќе нуди опција со која пациентите сами ќе можат да се најават на веб платформата и да си изберат термин за закажување на соодветниот преглед. Додека кај веќе постоечкиот, оваа акција може да ја изврши само здравствен работник.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација, како почетна идеја. Се надеваме дека нашата идеја, ќе може да креира и овозможи полесен начин на функционирање на нашиот здравствен систем.

Last modified 2 years ago Last modified on 12/28/21 00:53:13
Note: See TracWiki for help on using the wiki.