wiki:About

Version 3 (modified by 183060, 3 years ago) ( diff )

--

Med Web

Членови на тимот

  • Демет Мемиш 193105
  • Анита Терзиска 183060
  • Екатерина Пишмирова 183020

Краток опис на проектот

Med Web веб платформата служи за закажување на здравствени прегледи во државните болници во Македонија.
Секој корисник на Med Web ќе има увид во достапните термини на специјалистите за прегледи според упат пополнет од матичен со ИД за одреден оддел.
Доколку сака да закаже преглед, ќе биде потребно да се регистрира на платформата, а по регистрацијата се добива ID за корисник/пациент. При секоја следна најава, ќе се користи e-mail адресата која првично ја има внесено при самата регистрација.
За пребарување на термините според дадениот упат ќе има две опции: пребарување според специјалист во одделот или пребарување според болница во која го има соодветниот оддел кој му е потребен на пациентот.

  • За секој корисник/пациент се чува ID, e-mail адреса, телефонски број, име и презиме, ЕМБГ.
  • За секоја болница се чува назив, ID, град во кој се наоѓа и адреса.
  • За секој доктор се чува број на лиценца, оддел/болница во која работи, специјалност (дали е матичен или специјалист).

Детален опис на проектот

Идејата на проектот е да се олесни и забрза закажувањето на термини за прегледи кај доктори специјалисти низ државата во државните болници, воедно и олеснување на работата на матичните лекари со што пациентите ќе можат сами да закажуваат термини преку онлајн платформата Med Web. Истата ќе нуди пребарување на термини кај специјалисти во одредени оддели според зададеното ИД на упатот којшто го имаат добиено од своите матични лекари. Со помош на оваа платформа ќе се намали непочитувањето на термините бидејки термините ќе бидат избрани од самите пациенти.

  • За кого е наменет проектот односно кој според вашата замисла ќе биде одговорен да ја поседува базата на податоци и апликацијата и да ја обезбедува како сервис - дали е тоа фирма/институација/организација или е поединец и краток опис за нивните потреби?

Платформата и базата на податоци ќе биде наменета за Министерство за здравство на нашата дрзжава. Тоа ќе биде одговорно за целиот менаџмент и координација. Министерството треба да ја креира соодветната база на податоци за специјалистите во сите оддели низ болниците на тероторијата на нашата државата и за матичните лекари. На матичните лекари ќе им бидат доделени привилегии за да можат да ги внесуваат и пополнуваат упатите за пациентите во системот и одредените ИД-а кои ќе бидат потребни за упатите. Дополнитено ќе има опција за пациентите да можат да се логираат на платформата и да имаат привилегии за да бираат и закажуваат термини. Со цел да се избегне “злоупотребување“ на термините, односно да се закаже термин и пациентот никогаш да не се појави, тој ќе треба да плати одредена сума на пари (симболична цена) како гаранција дека ќе го испочитува терминот. Трансакциите направени од страна на пациентите за закажување на термин ќе бидат префрлени на сметката на Министерството.

  • Какви проблеми во фирмата или организацијата ќе решавате?

Со брз пристап до термините за преглед кај одреден специјалист кај кој пациентот има потреба да закаже термин, пациентите имаат големо олеснување. За закажувањето на термините ќе им биде од голема помош ИД-то запишано на нивниот упат даден од страна на нивниот матичен лекар кое ќе им користи за пребарување на специјалисти во одделот во кој е потребно да закажат преглед. Имајќи го во предвид динамичкиот живот во 21-ви век, сѐ почесто е потешко да се најде слободно време за сопствени потреби на човекот, така што со Med Web платформата секој пациент ќе може да си закаже термин кој му одговара од аспект на време, датум и исто така локација. Често пати се соочуваме со проблеми како што се закажани термини во други градови или далеку од нашиот дом, работно место и сл., па со апликацијата ќе се реши овој проблем бидејки пациентот ќе може да си го направи својот избор каде што ќе му одговра. Со цел да се намали непочитувањето на термините пациентот ке биде приморан да уплати симболична сума на пари на трансакциската сметка на Министерството за здравство за да може да закаже термин. По направениот преглед, сумата на парите ќе се смета или како дел од партиципацијата која и онака треба да ја плати пациентот или ќе му се вратат средствата, одлуката се носи по избор на пациентот.

  • Какви видови корисници ќе има апликацијата - во смисла на типови вработени во фирмата/институцијата или клиенти?

Апликацијата ќе има 2 типа на корисници, кои ќе може да се регистрираат на системот како посебни корисници. Со можност за регистрација на вработен односно матичен лекар, кој ќе може после прегледот на пациентот, да внесе соодветни информации, доколку има потреба, за неговиот упат. Упатот ќе биде наменет да го специфицира одделот во кој го испраќа матичниот лекар пациентот по прегледот, кој за внесен упат ќе му генерира уникатно ИД наменето за пациентот. Другата можност и најважна е регистрација на корисник односно пациент, кој со дадениот упат, односно ИД, според одделот ќе може да ја избере болницата, специјалистот и времето кои му одговара за закажување на прегледот.

  • Ако има други слични проекти во фирмата или во околината, или веќе постојат готови решенија во светот, во што е различен вашиот предлог проект

Med Web е сличен со Мој Термин, проект во нашата држава. Основната разлика помеѓу нашиот проект и тој на Мој Термин е дека нашето решение ќе нуди опција со која пациентите сами ќе можат да се најават на веб платформата и да си изберат термин за закажување на соодветниот преглед. Додека кај веќе постоечкиот, оваа акција може да ја изврши само здравствен работник.

  • Дали се работи за веб, мобилна и/или десктоп апликација?

Се работи за веб апликација, како почетна идеја. Се надеваме дека нашата идеја, ќе може да креира и овозможи полесен начин на функционирање на нашиот здравствен систем.

Note: See TracWiki for help on using the wiki.