Version 25 (modified by 4 years ago) ( diff ) | ,
---|
Med Web ¶
Предмет: Бази на податоци во 2021/2022/Зимски
Под менторство на вонр. проф. д-р Вангел Ајановски и демонстр. м-р Ненад Анчев
Започнат: Ноември 2021
Краток опис на проектот ¶
Med Web веб платформата служи за закажување на здравствени прегледи во државните болници во Македонија.
Секој корисник на Med Web ќе има увид во достапните термини на докторите/специјалистите за прегледи според упат пополнет од доктор (матичен или специјалист) со ИД за одреден оддел.
Доколку сака да закаже преглед, ќе биде потребно да се регистрира на платформата, а по регистрацијата се добива ID за корисник/пациент. При секоја следна најава, ќе се користи e-mail адресата која првично ја има внесено при самата регистрација.
За пребарување на термините според дадениот упат ќе има две опции: пребарување според специјалист во одделот или пребарување според болница во која го има соодветниот оддел кој му е потребен на пациентот.
- За секој корисник/пациент се чува ID, e-mail адреса, телефонски број, име и презиме, ЕМБГ.
- За секоја болница се чува назив, ID, град во кој се наоѓа и адреса.
- За секој доктор се чува број на лиценца, оддел/болница во која работи, специјалност (дали е матичен или специјалист).
Членови на тимот ¶
Име и презиме | Индекс |
---|---|
Демет Мемиш | 193105 |
Анита Терзиска | 183060 |
Екатерина Пишмирова | 183020 |
Фази на имплементација ¶
Фаза | Име на фаза | Статус |
---|---|---|
Ф0 | Дефинирање на проектот | Одобрено |
Ф1 | Концептуален дизајн - ЕР Дијаграм и податочни побарувања | Одобрено |
Ф2 | Логички и физички дизајн - Креирање база податоци (со SQL DDL) | Одобрено |
Ф3 | Апликативен дизајн - Случаи на употреба и Сценарија за пристап до базата - SQL Погледи | Не е започната |
Ф4 | Напредни извештаи од базата (SQL и складирани процедури) | Не е започната |
Ф5 | Прототип апликација - Основни функционалности | Не е започната |
Ф6 | Нормализација и подобрувања на дизајнот | Не е започната |
Ф7 | Напреден апликативен развој | Не е започната |
Статус ¶
Фаза | Позадина |
---|---|
Не е започнато | ⚫ |
Започнато | 🟠 |
За ревидирање | 🔴 |
Одобрено | 🟢 |
Завршено | 🔵 |
Attachments (1)
- logo.png (21.7 KB ) - added by 4 years ago.
Download all attachments as: .zip